Јоко Оно наслика мурали близу местото каде што беше убиен Џон Ленон

Сопругата на убиениот Битлс , Џон Ленон ја ослика со мурали железничката станица во 72. улица во Њујорк.

Станицата се наоѓа во непосредна близина на местото каде беше застрелан сопругот на Јоко Оно , легендарниот Џон Ленон. Тој беше убиен 1980 година пред зградата ,,Дакота “ во Њујорк.

Осумдесет и пет годишната Јоко Оно ја осликала станицата со сина боја и бели облаци , како небото , а под нив напишала ,,Сонувајте!” , ,,Паметете ја љубовта!” , и ,,Замислете мир!”

,, Муралите во метрото ќе го донесат небото. Се надевам дека уште долго на моите њујоршки сограѓани ќе им донесе мир , спокој и радост. “ , изјави Јоко

.

Таа и денес живее во зградата ,,Дакота “ , која се наоѓа над метро станицата во 72. улица во Њујорк. Со своето уметничко дело им се приклучи на бројните уметници , кои ги осликаа и другите метро станици во градот.

Видео: Атина „проголтана“ од сахарска прашина, градот обоен во портокалово

Атина и јужните делови на земјата вчера беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

Облаците од прашина, пренесени преку Средоземното море од северна Африка, го обвија акропол и другите знаменитости на Атина.. Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews. Метеоролозите најавуваа дека небото ќе се расчисти денеска поради промената на правецот на ветерот, поради што ќе паднат и температурите.

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето на пакетот воена помош за Украина

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба со ентузијазам ги пофали американските политичари за одобрувањето на долго одложуваниот пакет воена помош од 61 милијарда долари за Украина, но предупреди дека новите испораки нема веднаш да го свртат бранот на војната.

„Алелуја“, изјави Кулеба во интервју за „Гардијан“ на прашањето за реакцијата на вчерашното конечно гласање на американскиот Сенат. Тој рече дека „неговото верување е дека ќе има позитивен исход“, но Западот мора „да сфати дека ерата на мирот во Европа е завршена“ и да ја изгради својата одбранбена индустрија.

Говорејќи за „Гардијам“, Кулеба рече дека се надева оти Белата куќа ќе го претстави новиот пакет оружје „за неколку дена, можеби и часови“ и дека е „само прашање на логистика“ залихите да се префрлат на фронтот.

Претставници на Пентагон најавија дека одредена муниција веќе е складирана во Европа, а се очекува меѓу приоритетите да бидат артилериската и противвоздушната одбрана.

Кулеба, исто така, рече дека Украина идентификувала седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои би можела да ги користи за заштита на цивилите во поголемите градови надвор од Киев. Еден е добиен од Германија, уште четири се лоцирани и преговорите се во тек, рече Кулеба, а на повидок се уште два. /МИА

Уапсен пратеникот кој физички нападна друг пратеник во грчкиот Парламент

Според претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, Кривичниот законик предвидува дека оној кој ќе изврши насилство врз пратеник се казнува со затворска казна до десет години.

Уапсен е независниот пратеник Константинос Флорос, кој претпладнево физички го нападна пратеникот од Грчко решение Василис Граменос пред салата во која се одржува пленарната седница во грчкиот Парламент, а за нападот може да му биде изречена затворска казна до десет години, јави дописничката на МИА од Атина.

Флорос, кој на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, а неодамна ја напушти и стана независен пратеник, по предизвиканиот инцидент беше уапсен и пренесен во централната дирекција на грчката полиција и се товари за сторено кривично дело насилство врз пратеник при вршење на функцијата.

Според претседателот на Парламентот, Константинос Тасулас, Кривичниот законик предвидува дека оној кој ќе изврши насилство врз пратеник се казнува со затворска казна до десет години.

Како што претходно објави МИА, за време на денешната пленарна седница во Парламентот постоела вербална расправија меѓу двајцата пратеници, по што во ходникот се претворила во физичка кога Флорос со тупаници го нападнал пратеникот Граменос од Грчко решение.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Малата радикално десничарска партија Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна, а Врховниот суд на Грција попладнево ќе ја соопшти одлуката дали партијата ги исполнува критериумите за учество на европските избори во јуни. /МИА

притисни ентер