МВР ја гарантира безбедноста на осумината опозициски пратениците, кои галсаа за пристапување кон уставни измени. Од Министерството за Канал 5 велат дека пратениците не побарале заштита, туку полицијата одлучула тоа да го стори по своја проценка, по многубројните закани кои се упатуваат до дел од пратениците пред се на социјалните мрежи.
„Се преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците“, велат од Министерството, од каде веќе поднесоа и кривична до ОЈО за 48-годишен скопјанец поради ширење говор на омраза и загрозување на сигурноста на народните избраници, преку социјалната мрежа Фејбук.
Ова е и причината од утре во Собранието да отпочне постапката за формирање тело за помирување, што е едно од четирите барања на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени, а со кое се очекува да бидат опфатени токму и дел од народните избраници кои ги поддржа уставните измени, а за кои течат судски процеси. Од Владата со став дека силно застануваат зад политиката на помирување, но дека немаат намера да се мешаат во работата на обвинителството и судовите. Извори од владејачкото мнозинство за Канал 5 посочуваат оти суштината на ваквото собраниско тело е политичко и лично помирување помеѓу пратениците. Начините за негово формирање, можните членови и како ќе се води процесот на помирување допрва ќе бидат разгледувани. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за канл 5 пак велат оти прашањето ќе биде разгледано на Изврешн и централен комитет во текот на оваа недела.
Формирањето на собраниско тело за помирување го најави и премерот Заев, веднаш по собраниската седница, на која претениците дадоа зелено светло за отворање на Уставот.
Во меѓувреме и дел од обвинетите за настаните од 27 април, кои тврдат дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ, ја прфаќаат подадената рака од Заев за национално помирување.
,,Недвосмислено подаваме рака и го поддржуваме процесот на национално обединување! Простуваме, за да ни простат. Тоа е во духот на Христијанството. Бараме раководството на партијата да се издигне над своите интереси и да застане на чело на националното единство, бидејќи тоа се зборови кои се состојат во името на партијата, се наведува во јавниот проглас на дел од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Тие го обвинуваат опозицискиот лидер за предавствто. Тврдат дека Мицкоски им ветувал предлог-закон за амнестија, но дека не го исполнил ветенето.