Тетовец баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан

Тетовец баран со меѓународа потерница од италијанските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница.

Станува збор за жител на селото Доброште,тетовско, по кого Интерпол Рим пред единаесет години распишал потерница и го бара за кривични дела по две основи „принудување на проституција" и „киднапирање".

– Лицето Мусли Халити (44), македонски државјанин, е упасен при влез на преминот Ќафасан откако при контрола на неговите документи во системот, произлезе дека е лице барано со меѓународна потерница. Судот во Монца, Италија во јуни 2001 година му изрекол мерка притвор, за извршени кривични дел „принудување на проституција" и „киднапирање", а потоа Интерпол Рим распишал меѓународна потерница, стои во соопштението на регионалниот полициски комесаријат од Корча, под чија надлежност е преминот.

За неговото апсење известена е канцеларијата на Интерпол Тирана, која треба да превземе понатамошни активности за негова екстрадиција во Италија.

Прва фотографија на принцезата од Велс: Кејт Мидлтон на прошетка со принцот Вилијам

Прва фотографија на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон „уловена“ со насмевка на лицето на прошетка со сопругот  принцот Вилијам. .

Насмеана додека шетала со сопругот, во светските медиуми е објавена нова фотографија и видео од принцезата од Велс Кејт Мидлтон.Оваа фотка е само потврда за фановите на Кејт дека принцезата од Велс успешно закрепнува по абдоминалната операција.

Сликата, која наводно е направена во саботата, ги прикажува Вилијам и Кејт како посетуваат фарма во Виндзор, на кратко возење од нивниот дом во Беркшир.

„Изгледајќи здраво, среќно и опуштено, принцезата сама си ја носи торбата за шопинг и низ смеа разговара со својот сопруг додека парот ја напушта продавницата и се враќа во својот автомобил“, пишува „Дејли мејл“ под фотографија објавена од британски „Сан“. Нивните три деца не биле со нив.

Месеците кога Кејт не беше видена во јавноста ги поттикнаа шпекулациите на социјалните мрежи за нејзината вистинска состојба. На 17 јануари, Кенсингтонската палата објави за операцијата на абдоменот на Кејт и изјави дека „врз основа на сегашните медицински совети, таа веројатно нема да се врати на должностите пред Велигден.

Шпекулациите вртоглаво пораснаа минатата недела кога семејството објави фотографија од Кејт Мидлтон со нејзините деца. На 10 март, палатата Кенсингтон сподели фотографија од Кејт и нејзините три деца за која рекоа дека е направена од Вилијам, принцот од Велс.Фотографијата неколку часа потоа беше откриена дека е фотошопирана.

Еден ден подоцна, Кенсингтонската палата објави соопштение потпишано од Кејт, кое вклучува извинување и тврди дека таа е „фотограф аматер“ кој „експериментира со уредување“. Серијата настани доведе до непотврдени тврдења на интернет дека Кејт е во кома и тврдења дека Вилијам има афера и дека Кејт планира да го остави.

Кинески милијардер во САД призна дека давал нелегални политички донации

Кинескиот милијардер Хуи Чин се изјасни за виновен за незаконско канализирање на пари за политички донации на функционер од Њујорк и конгресмен во Претставничкиот дом на САД, што е кршење на изборниот закон на Соединетите држави.

Филмскиот магнат призна дека регрутирал и плаќал луѓе за да даваат политички донации за него во Њујорк во 2021 година.

Не е познато кој кандидат Кин го поддржал, но се верува дека тоа е градоначалникот Ерик Адамс, чиј адвокат одговори дека неговата кампања не знаела за такви донации.

Обвинителите тврдеа дека Кин собирал донации на ист начин за член на Претставничкиот дом на САД од Њујорк, како и за кандидат за американскиот Конгрес од Род Ајленд.

Кин, исто така, призна дека поднел лажна апликација за статус на постојан жител во Америка во 2019 година, користејќи го лажното име Мук Лам Ли, со придружни документи од кинески службеник.

Користејќи лажен идентитет, префрлил пет милијарди долари на сметка во американска банка, кои ги потрошил на луксузен стан на Менхетен. Кин се откажа од правото да живее во Америка и ќе биде депортиран во Кина.

Банка на Јапонија ги укина негативните каматни стапки

 Банка на Јапонија (БОЈ) денеска, по осум години, ги укинува негативните каматни стапки. 

Иако тоа ќе биде прво зголемување на каматните стапки во изминатите 17 години, истите ќе се држат близу нула бидејќи кревкото економското закрепнување ја принудува централната банка да го забави понатамошното зголемување на трошоците за задолжување.

Со одлуката, БОЈ се откажува од политиката воведена во 2016 година – надомест од 0,1 проценти за одредени финансиски институции кои имале вишок резерви во Банка на Јапонија.

Централната банка исто така ја напушта контролата на приносите, политика што се применуваше од 2016 година и која ги ограничувапше долгорочните каматни стапки околу нула.

притисни ентер