Маж навредува и малтретира постара жена на околу 70 години , додека екипажот на Рајанер не реагира. Инцидентот се случил завчера на лет од Барселона кон лондонскиот Станстед, а снимките се споделени на социјалните мрежи , каде предизвикаа гневни реакции.
Многумина се заканија дека ќе ја бојкотираат авио компанијата. На снимката прегледана околу 2 милиони пати се гледа како маж и се заканува на постара жена и и наредува да се префрли на друго седиште. Кога му се обратила , тој и одговара:
,, Не разговарај со мене на странски јазик , ти одвратна црна краво!” На снимката се слуша и како другите патници бараат од екипажот да го исфрли безобразниот маж , но нема реакција.
Жената објаснила дека сакала да седне до својата ќерка , кога мажот почнал да ја навредува на расна основа. Ќерката подоцна објаснила дека мајка и на 77 годишна возраст страда од артритис и не можела довојно бргу да се тргне , за да се смести мажот. Таа ја однела мајка си на патување за да ја одбележат годишнината од смртта на татко си.
По жестоките реакции на социјалните мрежи , компанијата Рајанер се извини за инцидентот и најави дека во иднина ќе ги симнува од авион ваквите агресивни патници.