И во Данска стампедо за акциите на компанија за производство на канабис

Данската компанија за произвоидство на канабис  StenoCare предизвика стампедо на берзата во Копенхаген , откако во петокот понудија акции.

Акциите веднаш пораснаа четирикратно , со цена од 33,50 дански круни за да ја зголематѕ вредноста на компанијата за 200 милиони круни (30 милиони долари). Почетната цена по акција изнесуваа 8,80 круни.

,,Од контактите со нашите инвеститори , добивме впшечаток дека многумина беа водени повеќе од срцето , отколку од паричникот.” , изјави главниот изврпшен директор на компанијата, Томас Сковлунд Шнегелсберг.

Данска на почетокот на годинава ја либерализираше продажбата на канабис во медицински цели , а една од првите го легализираше и локалното производство. За сега не е дозволена употреба на канабис во рекреативна цел , освен во познатиот дел на Копенхаген , Кристијанија , каде има слободна продажба на оваа дрога.

Слична огромна побарувачка за акциите на компаниите кои произведуваат канабис имаше и на американските берзи.

Израелскиот премиер Нетанјаху обвинет за примање мито

Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху  е обвинет за примање мито основа за обвинението е дека премиерот и неговата сопруга земале накит

Во вредност од повеќе од 260.000 долари, цигари и други подароци во замена за политички услуги.

 Нетанјаху, кој е на чело на државата 13 години, е обвинет за примање мито, злоупотреба и нарушување на довербата.

Главниот обвинител покрена обвинение против Нетанјаху за злоупотреба и нарушување на довербата во три случаи, и за мито во еден случај.

Тој, исто така, се товари за мешање во регулаторните тела и кај законодавците, во име на две медиумски компании, во замена за позитивни новинарски извештаи.

Нетанјаху негира каква било злоупотреба и вели дека е жртва на лов на вештерки.

Вучиќ: Не видов никаква логика во сето ова

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа соопшти  дека рускиот разузнавач Гергиј Клебан, вмешан во скандалот со шпионската снимка, не е повеќе не територијата на Србија.

Тој порача дека е сигурен оти рускиот претседател Владимир Путин не бил информиран за ова дејствување, и дека Србија има пријателски односи со Руската федерација.

Повтори дека Србија не заборава што направил  Путин  за Србија во меѓународните организации, ниту поддршката во опремувањето на војската.

Потсети дека Србија е единствена што не ѝ воведе санкции на Руската федерација, ниту гласаше против руските интереси, „затоа ги прашувам руските пријатели, а го прашав денес и амбасадорот, Боцан Харченко: Зошто: не видов никаква логика во сето ова“, кажа Вучиќ.

Тој вечерва ја повтори цврстата определеност на Србија за воена неутралност и порача: „Србија нема да влезе во НАТО“.

Одбележување на Денот на албанската азбука

Министерството за политички систем и односи  меѓу заедниците вечер од 19.30 часот во Македонскиот народен театар ќе организира свечена академија по повод Денот на албанската азбука.

Со него се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука.

Делегатите од Албанија и албанските здруженија и клубови од цел свет на конгресот во Битола донеле одлука за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик.  Затоа 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука и е неработен за албанската етничка заедница во земјава.

На свечената академија, која е централен од серијата настани што беа организирани деновиве, најавено е присуство на претставници од Владата, Собранието, од политичките партии и дипломатскиот кор.

Оваа година првпат ќе биде доделена и државната награда „22 Ноември" за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во државата. 

Добитници се истражувачот, историчар и хуманист Давид Хосафлoк и просветните работници Кимете Агаи и Аднан Агаи. Наградата ќе им биде врачена во 13 часот во Собранието.

Одлуката ја донесе организациски одбор под претседателство на проф. д-р Гзиме Старова. Тројцата добитници се наградени за нивниот придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија. 

притисни ентер