Во Велес ќе се одржат 51. Детски Рацинови средби

Свеченото отворање на манифестацијата  51. Детски Рацинови средби посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес е  денеска во 12:30 часот во салата „Бели мугри" при Градската библиотека.

Свеченото отворање на манифестацијата  51. Детски Рацинови средби посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес е  денеска во 12:30 часот во салата „Бели мугри" при Градската библиотека, каде ќе бидат врачени наградите на најдобрите ученици по распишаниот литературен и ликовен конкурс „Рацин, денес, вчера утре", а ќе се одржи и културно уметничка програма.

Програмата ќе започне претладнево во медиотеката на Градската библиотека со Поетска работилница и доделување пофалници на учесниците, а во исто време во Ликовниот салон учениците ќе изработуваат постер  на тема „Рацин, денес, вчера, утре", а ќе им бидат доделени и пофалници.

Потоа учесниците-ученици од голем број основни и средни училишта од повеќе градови од земјава, ќе му се поклонат на големиот Рацин  на двата споменика, во центарот на градот и пред гимназијата која го носи неговото име.

Програмата ќе продолжи во ООУ „Блаже Конески"  со  „Поетско перо низ страниците на детските списанија".

Веднаш потоа во „Сокачето на поезијата" пред Спомен куќата на Рацин  ќе се одржи Поетско читање  на наградените творби.

Во тие рамки внатре во неговата  Спомен куќа, учесниците на средбите ќе ја  посетат и ликовната изложба и грнчарската работилница.

Тие ќе можат да се запознаат и со грнчарското колце на кое стомни и други грнчарии  правел и поетот  кој бил и грнчар според традицијата на неговото семејство Солеви кои биле  познати грнчари во градот.

Детските Рацинови средби ги организираат Клубот на писатели „Коста Солев Рацин" и Општина Велес,а во рамките на програмата  за одбележување на 9-ти Ноември Денот на ослободување на Велес.

Детските Рацинови средби во Велес  ќе продолжат утре – среда  со „Поетски караван" со учество на познати македонски писатели за деца со читање своја поезија низ велешките основни и средни училишта, интернатот и детската градинка.

Средбите ќе завршат со промоција на публикацијата „Кочо Рацин-живот и дело" од авторите Павлина  Василева и Марин Клифов што е закажана  во Спомен куќата на Рацин, а за што ќе говори Васил Тоциновски.

Инаку, Коста Солев Рацин со својата стихозбрика „Бели Мугри" отпечатена во 1939 година во Самобор Хрватска е најпреведува македонски автор на сите светски јазици. /МИА

Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон.

 Освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Кумуцакос, имал средби со новиот помошникот државен секретар Филип Рикер, со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со Јури Ким, шефот на Директоратот на Стејт департментот за Југоисточна Европа.

Во однос на Договорот од Преспа, според грчката новинска агенција АНА-МПА, Кумуцакос на средбите ја повторил цврстата позиција на Нова демократија дека станува збор за штетен договор и истакнал дека не е урамнотежен затоа што Република Северна Македонија е единствената страна што има конкретна корист преку интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

-За жал не постои нешто конкретно и материјално, што грчките граѓани ќе го видат како позитивен резултат од овој договор. И ова треба да се излечи и е еден од големите залози за следната влада на Нова демократија, за да се справи со негативните последици и да создаде конкретна политика во корист на интересите на земјата, рекол Кумуцакос./МИА.

ДКСК отвори предмети за Матка и за предизборни вработувања во АВМУ

Државната комисија за спречување на корупција отвори два нови предметa по кој ќе постапува по допрен глас.

 Случајот Матка и корупцијата во политиката која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека за двата отворени предмета ќе бараат информации односно документи од општината Сарај односно од АВМУ. Во однос на случајот Матка одлучиле да постапуваат бидејќи, како што рече, институциите се прогласиле за ненадлежни.

Ивановска најави дека можно е да отворат предмет и за случајот со плажите во Струга.

На новинарско прашање до каде со 18 предмети за судир на интереси отворени на 18 јануари годинава, информира дека два предмета се затворени. Во првиот случај за вработувањето на ќерката на пратеничката Емилија Александрова во Фондот за иновации и технолоши развој добиле инфромација дека таа воопшто не конкурирала таму. Во вториот случај – за сопругата на поранешниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, истакна дека добиле информации оти таа била ангажирана со договор на дело како наставник во основно училиште две години, по што по автоматизам и се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.

За вработувањето на ќерката на претседателот на Парламентот, Талат Џафери во ЕЛЕМ, Ивановска истакна дека тие добиле информации од компанијата, но ги сметаат за недоволни. Појасни дека според стручноста, ќерката на Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но дека не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување, и нема информации за останатите кандидати кои се пријавиле на конкурсот.

Запрашана за тоа дали со распишаните тендери во Собранието за време на избори се крши Изборниот законик, таа нагласи дека се што е во рамки на редовно извршување на работите не се смета за прекршување.

Најави дека ДКСК планира да спроведе поопсежна анализа во однос на систематизацијата на вработувањата во јавните компании.

Џафери на студиска посета во Единбург организирана од Вестминстер фондацијата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од 20 до 22 март е на студиска посета во Единбург, Шкотска.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, од 20 до 22 март се на студиска посета во Единбург, Шкотска.

Студиската посета е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија и е во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти собраниската прес-служа.

притисни ентер