Бил Гејтс ги шокирал гостите на презентација- донел човечки измет (ВИДЕО)

Милијардерот Бил Гејтс , филантроп и основач на Мајкрософт , Бил Гејтс на сцена во Пекинг донел тегла со човечки измет. 

Тоа било дел од неговата презентација на саемот Reinvented Toilet Expo, на која ги претставил новите технологии кои треба да се користат во тоалетите. Фондот на Бил и Мелинда Гејт во изминатите 7 години потроши над 200 милиони долари на истражување на ваквите производи.

За време на говорот на Гејтс , зад него беа претставени најновите санитарни производи, наменети за уништување штетни бактерии и сузбивање на болестите.

,, Мора да признаам дека пред десет години не размислував дека ќе знам толку многу за изметот.И никогаш не помислував дека Мелинда на вечера ќе ме моли да престанам да зборувам за фекалии.” рече Гејтс на конференцијата.

Гејтс помогнал во организација на тридневниот саем во Пекинг , каде биле претставени револуционерни уреди со кои може да се спречат заразните заболувања , како и да се заштеди чистата вода .

Во сообраќајката на принцот Филип за малку ќе настрадало деветмесечно бебе

Две жени се повредени во сообраќајната несреќа , во која учествувал и британскиот принц Филип , сопруг на кралицата Елизабета II.

Принцот , кој има 97 години , го возел Ренџ Роверот , и се обидувал од патот каде се наоѓа кралскиот имот да излезе на автопат , но при тоа удрил во автомобил . Во него имало две жени и деветмесечно момченце.

За среќа , деветмесечното бебе е неповредено , а без повреди минал и принцот Филип , кој бил шокиран и потресен.

Жените биле однесени во болница. Им бил направен алкотест на принцот и на жените , кои се негативни. Жената , која управувала со Киата има повреда на коленото , а нејзината совозачка има скршена рака.

Британските медиуми денеска шпекулираат што ќе се случи ако се утврди дека принцот е виновен за сообраќајката . Се знае дека кралицата не може да одговара за никакво кривично дело , додека за принцот само ако е во нејзина придружба или се наоѓа на кралски имот. Во тој случај не може да биде приведен .

Како реагира Русин кога пајак му го дига автомобилот (ВИДЕО)

Бегство со автомобилот качен на пајак возило , не е најпаметна опција , но тоа не му пречи на Русин , кој решил да си ја врати својата Киа.

Спуштање на автомобил од пајак возило не е најпаметна опција , зашто штетата сигурно ќе чини далеку повеќе отколку казната за непрописно паркирање. Во овој случај возачот дури и не бил формален сопственик на автомобилот.

Кога полицијата на аеродромот во Москва му ги побарала документите нервозниот Русин дал документи од друг сопственик , од кого штотуку ја купил и немал време за да ги префрли на свое име. Не помогнало ниту тоа што телефонски го побарал сопственикот. Пајакот го подигнал автомобилот , но тоа уште повеќе го изнервирало Владимир. Тој се качил на пајакот , ја стартувал Киата и избегал.

Подоцна за руските медиуми изјавил дека автомобилот не претрпел голема штета и дека има сопствен сервис за да го поправи , а му било важно само да не го оштети пајакот , за да не плаќа дополнителна казна.

Населба во Турција полна со напуштени вили изгледа како гробишта за дворци (видео)

Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил.

Населбата „Бурџ Ал Бабас“ во Турција наликува како гробишта на мали дворци.

Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил, но плановите се изјаловиле и од сето тоа останале само гротескни вили кои делуваат страшно.

Во проектот, кој ги таргетирал првенствено клиентите од странските пазари, вложени се повеќе од 203 милиони долари, а сега е во застој, како и многу други градежни проекти во таа земја, пренесуваат медиумите.

Проектот „Бурџ Ал Бабас Сарот“ е замислен како населба со 732 вили, хотел, џамија и јавни простори во покраината Бол.

Изградбата била започната во 2011  година, а за вили главно се интересирале Арапите. Меѓутоа, работите станале комплицирани кога против инвеститорите било подигнато обвинение поради наводно уништување на локалните шуми и фрлањето отпад на локалното подрачје.

Во 2016 година започната е истрага, а пред да биде завршен проектот, компанијата прогласила банкрот и продажбата на вили е стопирана.

 

Завршени се 250 вили, а судот сега дозволил продолжување на продажбата, пренесуваат медиумите.

притисни ентер