Има десет години , а за неа ,,се тапаат” Google и Microsoft (ВИДЕО)

Малата Самира Мехта е десет годишна програмерка , која има своја компанија и илјадници следбеници.

Десет годишното девојче е основач и извршен директор на компанијата CoderBunnyz, која привлече внимание во јавноста и на  самира и овозможи да држи бројни предавања. На само осум години ја измислила играта CoderBunnyz, што ги учи децата да програмираат. Почнала да програмира на шест годишна возраст.

За девојчето се заинтересирале од Cartoon Network, од каде барале млади и талентирани за да ја носи титулата Powerpuff девојче , според познатиот лик од цртаните филмови. Нејзината приказна се проширила , така што почнала да ја продава својата игра преку Амазон.

,, До сега продадовме 1 000 кутии , што е нешто над 35 000 долари, а играта е на пазар само една година. “ , изјави Самира.

Во промоцијата и помогнал татко и , Рахеш Мехта, кој и самиот работи како програмер во Интел.

На почетокот на школската година излезе уште една игра  , ,,Yes, 1 Billion Kids Can Code" , наменета за учениците , така што за Самира се заинтересираа и големите компании Google и Microsoft.

За сега девојчето не планира да стане дел од овие системи , туку држи предавања во училиштата каде ги учи децата да програмираат.

Ако може Мистер Бин , може и Русин – лудо возење надвор од кабината (ВИДЕО)

Сите ја паметат сцената во која Мистер Бин се вози во фотелја на покривот на неговиот Мини Морис.

Слично возило направија во Гараж 54 , познатиот Јутјуб канал за возила. Таму е објавена неверојатна преработка на Волво , каде управувачките команди се сосема излезени надвор од возилото.

Дизајнерите велат дека погледот на другите возила од ваквата позиција е ненадминат.

Поранешната девојка на Бордејн се заљуби во папарацо, излезен од затвор (ВИДЕО)

Поранешната девојка на познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се самоуби пред неколку месеци, е веќе во врска со папарацо, кој тукушто излегол од затвор.

Поранешната девојка на готвачот и патеписец Ентони Бордејн , Асиа Аргенто (43) е во врска со папрацо Фабрицио Корона (44) . Корона е пуштен од затвор , кој беше осуден поради уценување на познати личности. токму тој ги откри деталите од својата врска со Аргенто.

,,Разговаравме со часови, тогаш станав , и ја зедов главата на моите раце и ја бакнав. ја легнав на маса и водевме љубов цел час. “ , раскажува Корона за италијанските медиуми.

И Аргенто во телевизиска емисија раскажува како се запознала со Корона , но и дека тешко се заљубува. За  нивната врска смета дека не е толку сериозна.

Вели дека не е загрижена што Корона е тукушто ослободен од затвор. Во меѓувреме пријателите на Бордејн велат дека умрел со скршено срце.

Познатиот патеписец и готвач , Ентони Бордејн беше во врска со Аргенто кога се самоуби. Таа подоцна тврдела дека имале отворена врска со Ентони.

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор поради пишување за геј врски

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор зашто во својот роман опишувала сцени на секс со хомосексуалци , а на интернет објавила и илјадници еротски дела поврзани со геј секс.

Авторката која се потпишува со името Тианји го привлекла вниманието на кинеските власти откако во една од нејзините книги опишала секс меѓу професор и неговиот студент. Книгата ,,Гонжан” минатата година на интернет привлекла големо внимание.

Освен ,,Гонжан” Тианји објавила уште 7 000 порнографски книги , најголемиот број на тема хомосексуални односи , така што заработила 18 930 евра ,,илегален профит”, објаснуваат власите вом градот Вухуа , во провинцијата Анхои.

Писателката на 31 октомври поднела жалба на пресудата. Десет години затворска казна се изрекува и за силување и друг кривичен престап , така што јавноста е на страната на писателката.

Таа добила висока казна пред се поради заработените пари преку интернет продажбата , зашто во Кина казнено дело е доколку од производство или дистрибуција се заработат повеќе од 6 300 евра.

Сепак во Кина хомосексуалноста е табу тема , иако во 1997 престана да се смета за злосторство , а од  2001 не е веќе ментална болест.

притисни ентер