ФИФА: Суспензија за фудбалерите кои ќе настапуваат во Суперлигата!!

Светската фудбалска федерација ФИФА им се закани на фудбалерите чии клубови најавуваат основање на елитна европска Суперлига.

-Играчите кои ќе бидат дел од Европската Супер-лига нема да можат да играат за репрезентациите. ФИФА најави суспензии за сите фудбалери што ќе бидат дел од најавеното натпреварување.

Најавената суспензија од ФИФА  подразбира забрана за настап на фудбалерите кои би играле во најавената Суперлига за нивните национални селекции  на светските и европските првенства.

Првиот човек на  ФИФА, Џани Инфатино, вели дека негова обврска е да го „штити фудбалот“.

„Видовме многу обиди за одделување од главната структура. Или сте во неа или ќе бидете комплетно надвор. Играчите кои на клупско ниво нема да бидат со нас, тогаш нема да играат ниту во националните лиги, во конфедерациските натпреварувања ниту пак на Европските и на Светските првенства“ – порача  Инфантино.

Инаку пред десетина дена најбогатите фудбалски клубови од Европа најавија формирање на Суперлига во 2021 година.

Во лигата која е надвор од рамките на ФИФА и УЕФА би играле гигантите на светскиот фудбал  Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барен Минхен, Милан, и уште неколку од најбогатите и најтрофејните екипи во Европа.

Според дел од европските медиуми раководните луѓе на овие гиганти веќе и одржале неколку тајни состаноци на кои разговарале формирање на елитно натпреварување.

Македонија загуби од Исланд со 22:24 – надеж за пласман од 12 до 24 место на Мундијалот

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Исланд со 24-22 и остана без пласман во втората фаза на Светското првенство во Данска и Германија.Македонија до крајот на Мундијалот ке разигрува за пласман од 12-то до 24-то место.

Најдобрите македонски ракометари загубија од Исланд со 24-22 во последниот натпревар од групата Б, со што не ја остварија примарната цел – пласман во втората фаза на Мундијалот.

Македонија ке остане на шампионатот и ке настапи во таканаречениот Президент куп односно за пласман од 12-то до 24-то место. Македонија и Исланд очекувано одиграа тврд натпревар со малку голови, а со многу тактизирање, од кој противникот излезе како победник.

Слабостите што Македонскиот национален тим ги покажа во дуелите со Шпанија и Хрватска, ги повтори и вечерва со Исланд. Недоволно цврста одбрана која во клучните моменти му се нуди на противникот, а во нападот повторно без вистинско решение и лоша зицер-реализација.

На тактички план, Исланѓаните добро подготвени, а многу подобро од нашите ракометри и психолошки потковани. Македонија во разигрувањето за пласман првиот натпревар ке го има в сабота најверојатно против Русија како четвртопласирана селекција од групата А.

Од нашата група Б, понатаму одат Шпанија, Хрватска и Исланд кои во втората фаза ке играат во група со најдобрите три од А групата, односно Франција, Германија и Бразил.

Ѓоковиќ подобар од Цонга за пласман во 3 коло на Австралија опен

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без многу мака се избори за пласман во 3 коло на Грен слемот во Мелбурн Австралија опен.

Ѓоковиќ со максимални 3-0 по сетови 6-3, 7-5 и 6-4 го совлада  некогашниот финалист на турнирот во Мелбурн , Французинот Жо Вилфред Цонга.

Во репризата на финалето во Мелбурн од 2008 година , Ѓоковиќ со сигурна игра славеше лесна победа над искусниот Цонга за пласман во шеснаесетина финалето на Отвореното првенство на Австралија.  

Следен противник на Ѓоковиќ  на Грен слемот во Мелбурн ќе биде Канаѓанецот Денис Шаповалов.

19-годишниот Шаповалов во моментов е 27 тенисер во светот, тој во 2 коло беше подобар од Јапонецот Тара Даниел во три сета.

Тенисерката повторно на мета на критики поради изборот на облеката (фото)

Многумина негативно го коментираа изданието на Серена на терените во Мелбурн.

Американската тенисерка Серена Вилијамс повторно го привлече вниманието со изборот на облека на тенискиот терен.

После првиот меч на Австралија опен, наместо нејзината победа, повеќе внимание на социјалните мрежи привлекоа нејзиниот комбинезон и мрежестите чорапи кои ги носеше.

Модната комбинација која е посебно изработена за 37 годишната тенисерка предизвика лавина негативни коментари на Твитер.

Foto: Getty
 

притисни ентер