Тевдовски и Царовска ја бранат даночната реформа

Министерот Тевдовски и министерката Царовска и попладнево ја бранеа даночната реформа, овој пат на брифинг пред новинарите.

Повторно посочија дека мерката е во насока за намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните.

Катерина Капкоска е пред министерството за финансии.

Објавени нови страшни детали за убиството на новинарот Кашоги

Шприцови , електрошок уреди и воки – токи носеле во багажот саудискиот тим , кој бил испратен во Истанбул за да го убие новинарот Џамал Кашоги.

Убијците , кои дошле од Саудиска Арабија на денот на убиството и по неколку часа си заминале од Истанбул во куферите носеле страшна опрема.

Освен тоа , турските истражители уловиле комуникација во која еден од петнаесетината убијци на некого му вели да му каже на шефот дека операцијата е завршена. Не се знае името на шефот , но се претпоставува дека станува збор за престолонаследникот Михамад бин Салман. Новинарот бил задавен , а неговото тело распарчено , истопено во киселина и истурено во канализација.

По извршеното убиство , 15 мината отпатувале назад во Саудиска Арабија со два приватни авиони и со еден на редовна линија.

Според весникот Сабах, кој ги објави снимките на коферите на убијците кои патувале со приватните авиони , во нив имало десет мобилни телефони , пет воки – токи уреди, два шприца, два електоршокери , големи ножици , уред за пречки , три големи заварувачи и предмет што личи на скалпел.

Турскиот претседател Реџеп таип Ердоган во саботата потврди дека има аудио снимка од убиството , која ја испратил во вашингтон , Ријад , Париз, Берлин и Лондон.

,, Таа снимка е ужасна . Дури и членот на саудиската разузнувачка служба бил толку шокиран кога ја слушнал , па рекол дека тој што го правел ова морал да биде на хероин . Само некој кој зема хероин тоа би го направил.” , изјави Ердоган.

Приштинските медиуми за бегството на Груевски

Косовските медиуми даваат прилично голем публицитет на ситуацијата во Македонија, по повод јавувањето на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија.

 Од каде што преку Фејсбук информира дека побарал политички азил, јави дописникот на МИА од Приштина.

Порталот „Газета Експрес" ги пренесува цело време информациите во врска со Груевски и од моментот кога се појави првата вест дека се јавил од Будимпешта, објави дека „Се огласи Груевски", „Груевски се јави преку фејсбук од Унгарија, побарал политички азил", „Груевски се јави од Унгарија, реагира Заев", „Унгарска партија пред една година најави дека Груевски ќе пребегне во таа држава", „ВМРО се уште не знае каде е Груевски"…

И другите косовски медиуми посветуваат големо внимание на ситуацијата околу потрагата по Груевски и неговото јавување од Унгарија. Така, покрај другите информации, порталите Инсајдери и Индексонлине прашуваат „Дали Србија помогна за бегството на Груевски", односно „Со каков пасош побегна Груевски". Овие и други медиуми пренесуваат дека поранешниот македонски премиер веројатно побегнал со бугарски пасош, но не се исклучува да имал и српски, бидејќи, како што наведуваат, тој некогаш бил советник на Владата во Белград.

Порталот Журнал, на страницата посветена на информациите од Македонија (zhurnal.mk), покрај информациите за бегството на Груевски и реакциите во земјата, објавува и коментар на правникот Ќенан Алиу, кој вели дека се работи за „оркестрирано бегство" и дека е можно да се работи за „кокетирање на власта со цел да се разрешат судии од високи инстанци".

Коха.нет, порталот на весникот „Коха Диторе" и на телевизијата КТВ, откако претходно во текот на денот информира дека „Груевски исчезна" и дека е објавена потерница по него, како и дека „Заев не верува оти Груевски побегнал", ја објави и информацијата дека „Груевски побара политички азил во Унгарија".

Овој портал објави и дека „министерот (за внатрешни работи, Оливер) Спасовски не мисли дека полицијата е одговорна за бегството на Груевски" и дека, споерд него, „одговорноста треба да го сноси судтството затоа што не му одреди притвор".

Овие и други информации во врска со ситуацијата околу Груевски ги објавија и останатите приштински медиуми, меѓу кои и телевизиите РТК, Т7 и Клан Косова./МИА.

CNN со обвинение против Трамп (ВИДЕО)

CNN објави дека покренува тужба протв американскот претседател Доналд Трамп поради одземената акредитација на нивниот новинар Џим Акоста .

Освен Трамп , CNN  тужи уште петмина функционери во Белата куќа – шефот на кабинетот Џон Кели , портпаролката Сара Сандерс , нејзиниот заменик Бил Шајн , шефот на тајната служба , Џозеф Кленси и службеникот кој на Акоста му ја одзеде акредитација , чиј идентитет засега не е познат.

Белата куќа во средата му ја одзеде акредитацијата на Акоста по прес конференцијата на која новинарот аргументираше со претседателот. Откако Акоста му постави серија непријатни прашања,

Трамп нареди да му биде одземен микрофонот , а откако новинарот не сакаше да се повлече без добиени одговори , доби навреди од Трамп.

притисни ентер