Преку скулптура уметник ја исмева израелската министерка за култура (ВИДЕО)

Израелскиот уметник Итај Залаит на плоштад во Тел Авив постави статуа со која и се потсмева на министерката за култура , Мири Регев.

Уметникот ја прикажал министерката во бел фустан во природна големина , како се гледа во огледало.

Поставувањето на скулптурата доаѓа како реакција на намерата на Регев да воведе нов закон , со кој се бара лојалност , кој уметниците го оквалификуваа како воведување цензура на уметничкиот израз.

Советниците во градското собрание на Тел Авив соопштија дека го почитуваат протестот , но сепак наредија статуата да се отстрани , бидејќи немало дозвола за нејзиното поставување.

Зајачица на Плејбој во минијатурен модел на миникини (ФОТО)

Зајачицата на Плејбој, Касандра Синега го прослави 34. роденден во веројатно најмалиот бикини некогаш замислен.

Манекенката позната и под псевдонимот CJ Sparxx го помина денот во минијатурно бикини , кое изгледаше како секој момент ќе падне.

Три парченца ткаенина се држат на проѕирни врвки , а таа ги објави фотографиите и го запали Инстаграм.

,,Треба повеќе облека како оваа”, ,,Ова е нешто најубаво што го видов денеска”, беа само дел од коментарите на објавата на жешката манекенка.

Осумгодишникот повторно го украл ,,Голфот” од мајка му и сега возел со 180 км/час

Осумгодишното момче од Германија , кое пред три дена и го украде Голфот на мајка му и возел по автопат со брзина од 140 км/час , ноќеска повторно се провозил , но овој пат возел 180 км /час.

Детето , по овој повторен инцидент , е пратено на психолошко советување.

Полицијата од Дортмунд соопшти дека детето околу полноќ ги украло клучевите од Голфот на мајка му и се возело од својот роден град Зост до Дортмунд , оддалечен 50 километри со брзина  од 180 км/час.

Еден взач го пријавил во полицијата дека вози низ Дортмунд , поминувајќи на црвено на семафорите и не гледајќи ги знаците.

Додека полицијата била во потрага по детето низ градот , тој веќе почнал да вози по автопатот. Но , на паркинг се залетал во паркиран камион .

Никој не е повреден , освен што Голфот е тешко оштетен.

Британец е осуден на 18 години затвор за силување жена пред детето

Британец од Манчестер сексуално , физички и психички злоупотребувал жена пред нејзиното дете и денеска е осуден на 18 години затвор.

Крег Моран често ја малтретирал жената , по што таа завршила со тешки повреди во болница. 34- годишниот маж , откако и ја скршил ногата , ја оставил целата во крв и си заминал.

Полицијата во Манчестер соопшти дека злоставувањата почнале на 8. февруари кога Моран ја посетил жената во нејзиниот дом и почнал да пие во присуство на нејзиниот малечок син.

Откако ја нападнал, украл дел од нејзините лични работи и заминал.

Кога жената отишла во неговиот стан следниот ден за да ги врати работите, тој брутално ја претепал, сексуално ја нападнал и и рекол дека ќе ја убие.

Таа завршила со повреди на главата, лицето, раката и нозете.

Два дена подоцна, брачен пар ја нашол тешко повредена и ја однеле во болница. Таму, таа го известила медицинскиот персонал за тоа што се случило со неа, по што случајот е пријавен во полиција.

Полицијата наскоро го лоцирала и го уапсила Моран, а тој подоцна се изјаснил за виновен во судот за напад, принудување на секс, закана со смрт и противење при апсењето.

Иследникот Расел Кларк изјави дека „таков напад е дело на болен ум способен за физичко, сексуално и психичко злоставување“.

притисни ентер