Видео: Десетици илјади евакуирани поради шумските пожари во Калифорнија

Поради шумски пожар што брзо се прошири во северниот дел на Калифорнија наредена е евакуација на повеќе десетици илјади луѓе.

Не е познато дали има повредени или загинати. Полицијата од округот Бјут Каунти соопшти дека евакуацијата важи и за целото гратче Парадиз, кое има 27.000 жители и се наоѓа на околу 300 километри североисточно од Сан Франциско.

 Во најкритичниот регион евакуирани се сите болници, а пациентите се транспортирани на друго место.

 На повеќе локации во Калифорнија е прогласено црвено предупредување за опасност од пожари.

Владата останува посветена на поддршка на развојните програми на општините за подобри услуги за граѓаните

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска имаше средба со Управниот одбор на ЗЕЛС, предводена од претседателот, градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов.

На средбата се разговараше за актуелни теми произлезени од Закон за дополнување на Законот за финансирање на општините, се наведува во соопштението од Владата.

Претставниците од ЗЕЛС, пред премиерот ги елаборираа своите видувања и предлози за подобро имплементирање на ова законско решение за понатамошно непречено искористување на развојниот капацитет на Општините.

„Владата на Република Македонија е многу свесна за важноста на Општините во земјава, и оттаму со ваквото решение сакаме да го намалиме нивниот долг, за да можеме да сметаме на нивниот капацитет, кој сега е десеткуван. Затоа одлучивме да одвоиме педесет милиони евра како поддршка за Општините, во форма на еднократна финансиска инјекција, за да можат градоначалниците да ги стабилизираат развојните капацитети на своите Општини“, рече премиерот Заев на средбата.

Тој уште и додаде дека заложба на Владата е да ја помогне работата на Општините, со цел проектирање и реализација на повеќе развојни и капитални проекти, со што граѓаните ќе добиваат подобри услуги за даноците кои ги плаќаат и ќе бидат комплетно информирани за трошењето на тие средства.

Премиерот Заев, исто така рече дека сите предлози кои доаѓаат од ЗЕЛС се добредојдени и се во духот на конструктивноста во пристапот на решавањето на актуелните проблеми со задолженоста на локалните самоуправи во Македонија, како и за финансиско стабилизирање на општините.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на средбата појасни дека планирањето на буџетите ќе се базира на реална основа, односно, буџетот на општините ќе може да се проектира со максимални 10% раст во однос на просекот од остварените приходи во последните три години. Тоа е мерка која претставува гаранција дека проблемот со задолжувањето на општините нема да се повтори, затоа што, како што рече тој, ќе се спречат таложења на неплатени обврски и ќе се подобри финансиското работење на општините.

Претставниците од ЗЕЛС ја поздравија заложбата на Владата да им се помогне на општините да го решат проблемот со презадолженоста, со што како што рекоа тие на средбата, ќе можат со поголем капацитет да се посветат на конструктивна работа и решавање на конкретни проблеми во интерес на граѓаните.

Иран со одговор до САД :,, Не потклекнуваме , ќе продолжиме со извозот на нафта”

Иран ќе продолжи со извоз на нафта и покрај санкциите на САД .

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека ќе продолжи извозот на нафта и покрај американските санкции кои се дел од психолошката војна и кои неминовно ќе пропаднат.

Со новите санкции кон Иран , која е трета земја во светот про производство на нафта, САД сака да го присили Техеран да се откаже од производството на балистички ракети и развојот на нуклеарната програма.

,,Нема да потклекнеме пред овој притисок. Ќе продолжиме да извезуваме нафта . вашите регионални политики се покажаа неуспешни , а вие за тој неуспех од Јемен и Авганистан до Сирија , го обвинувате Иран . “ , рече Рохани , додека насобраниот народ извикуваше ,,Смрт за Америка”.

Канал 5 од Будимпешта: Груевски е се уште во Унгарија и чека азил

Груевски е се уште во Будимпешта и чека азил.Унгарската опозиција е против посебен третман во неговиот случај.

Имено, во унгарскиот Парламент денеска се случуваше вистинска драма на пратеничките прашања.

Опозициониерите бараат анкетна комисија да го истражи целиот случај, но некои пратеници бараат и кривична одговорност против непознат сторител.

Во Будимпешта е нашиот репортер Александар Видиновски.

притисни ентер