Крај на една ера: Адриана Лима за последен пат како Ангел на Викторија (фото)

Една од најпрепознатливите лица на брендот „Викторија сикрет“ Адриана Лима, се прости синоќа од публиката.

Синоќа се одржа спектакуларна ревија на Ангелите на Викторија, а бразилската манекенка Адриана Лима прошета по пистата за последен пат со крилата на рамената.
Foto: Getty

Ревијата се одржа во Њујорк, а Адриана овој момент го искористи за да се прости од публиката и модниот бренд за долна облека за кој беше заштитно лице подолго од било која друга манекенка.

 

Ова било нејзиното 20-то шоу по ред, а колку и било разделувањето покажува и снимката на Инстаграм.

„Драга Викторија, ти благодарам што ми го покажа светот, ги сподели своите тајни и најважно, што не ми даде само крила туку ме научи и да летам“  - напишала Адриана.

 

Мама Викторија задоволна од изборот на синот Ромео Бекам

Мегапопуларната џет-сетерка Викторија Бекам бурно реагираше на информациите дека нејзиниот најстар син Бруклин е во врска со пејачката Рита Ора. 

Но, мама Викторија сега е задоволна од изборот на нејзиниот среден син 16-годишниот Ромео.

Тинејџерот Ромео Бекам е во врска со една година помладата актерка Мили Боби Браун.

-Многу се млади, но се многу скаден пар. Пош ја одобрува нивната врска и е голем фан на Мили, изјавил извор близок на познатата двојка Дејвид и Викторија Бекам.

Мили семејството Бекам го запознала во 2016 година на прославата 70 години УНИЦЕФ во Лондон.

Мили Боби Браун стана позната по улогата во серијата „ Stranger Things" и сега е една од најдобро платените млади актерки.

Лудост, мастиката за жвакање на Ферги продадена за половина милион евра!!!

Мастиката за жвакање која славниот менаџер на англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон ја жвакал на својот последен меч во кариерата  вреди вистинско богатство.

Најновата информација од Островот покажува дека славниот тренер кој се повлече од фудбалот во 2013 година се уште привлекува внимание на јавноста. Иконата на Јунајтед Фергусон е вистинска институција.

Навивач кој присуствувал на последниот меч на популарниот Ферги на клупата на Манчестер Јунајтед, против вест Бромвич Албион (5-5) собрал нешто што му припаѓало на големиот стратег, а што може да се оцени и како нешто одвратно и за истото заработил вистинско богатство.

Имено, навивачот на тој меч ја собрал мастиката за жвакање која ја жвакал Фергусон, а скоро шест години подоцна ја понудил на аукција како раритет и за неа добил неверојатни 450 илјади евра.

Интересно, тоа дури и не била целата мастика за жвакање, туку само парче од неа, но тоа не било важно за богатиот колекционер.

Колекционерот за мастиката платил 450 000 евра и на тој начин го помогнал клубот , поради тоа што целиот овој приход ќе биде уплатен на сметката на Фондацијата Манчестер Јунајтед.

Фото: Секси деколте под градите!!

Нов моден тренд кај жените, деколте под градите, нешто многу секси и многу провокативно.

Следува серија на малку поинакви деколтеа, оние под градите. Изгледаат многу по провокативно од  „обичните“.

Деколте „под градите“ носи раперката Иги Азалеа. На бујната Иги деколтето под градите изгледа уште по провокативно.

Секси деколте под градите промовира и носи и атрактивната  Бразилка, адвокатка и модел  Ана Брага.

Една спортска верзија на деколте „ под градите“ носи и манекенката Роми Стријтд.

Во деколте под градите може да се види и една од најубавите жени на светот, популарната манекенка Емили Ратајковски.

Софи Касеј пак толку ги истакнува градите што тие може да се видат и од „авион“.

Наташа Блазик своите облини ги истакнува во „боите на пролета“.

притисни ентер