Сака да ги промени години бидејќи “трансродните лица можат да го менуваат полот“ (видео)

Пензионерот Емил Рателбенд започнал судска битка бидејќи сака да ги промени своите години за да може да оди на работа и да постигне подобар успех со жените на Тиндер, популарен сајт за романтични средби.

Шеесет и деветгодишниот Холанѓанец Емил Рателбенд смета дека доколку трансродните луѓе можат да го променат полот, тој исто така би требало да има право да го промени својот датум на раѓање, пишува британскиот „Телеграф“.

 

Емил би сакал официјално да има 49 години, бидејќи докторите му рекле дека има тело на 45 годишен човек, па поради тоа поднел барање за во документите датумот на раѓање да му се промени од 11 март 1949 во 11 март 1969 година.

„Одев на лекарски прегледи и што покажа тоа? Мојата биолошка старост е 45“ – истакнува пензионерот и гуру за самопомош.

Меѓутоа локалните власти одбиле да го променат неговиот датум на раѓање во официјалните документи, а неговата борба штотуку започнува бидејќи случајот отишол на суд во градот Арнем во Холандија.

„Со 69 години сум ограничен, со 45 можам да купам куќа, да возат поинаков автомобил, можам да работа. Кога на Тиндер ќе речам дека имам 69 години, жените престануваат да ми одговараат. Со 49 и со ова лице, би имал повеќе успех. Трансродните лица можат да добијат во изводот на родени да им стои поинаков пол, на истиот начин би требало да може да се промени и старост“ – истакнува тој.

Овој случај предизвика контроверзи во неговата земја, но Рателбенд не обрнува внимание на негативните коментари. Тврди дека е дискриминиран поради староста и оти компаниите одбиваат да вработат некој на негови години.

Како реагира Русин кога пајак му го дига автомобилот (ВИДЕО)

Бегство со автомобилот качен на пајак возило , не е најпаметна опција , но тоа не му пречи на Русин , кој решил да си ја врати својата Киа.

Спуштање на автомобил од пајак возило не е најпаметна опција , зашто штетата сигурно ќе чини далеку повеќе отколку казната за непрописно паркирање. Во овој случај возачот дури и не бил формален сопственик на автомобилот.

Кога полицијата на аеродромот во Москва му ги побарала документите нервозниот Русин дал документи од друг сопственик , од кого штотуку ја купил и немал време за да ги префрли на свое име. Не помогнало ниту тоа што телефонски го побарал сопственикот. Пајакот го подигнал автомобилот , но тоа уште повеќе го изнервирало Владимир. Тој се качил на пајакот , ја стартувал Киата и избегал.

Подоцна за руските медиуми изјавил дека автомобилот не претрпел голема штета и дека има сопствен сервис за да го поправи , а му било важно само да не го оштети пајакот , за да не плаќа дополнителна казна.

Населба во Турција полна со напуштени вили изгледа како гробишта за дворци (видео)

Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил.

Населбата „Бурџ Ал Бабас“ во Турција наликува како гробишта на мали дворци.

Проектот е замислен како ексклузивна населба со вили изградени во готски стил, но плановите се изјаловиле и од сето тоа останале само гротескни вили кои делуваат страшно.

Во проектот, кој ги таргетирал првенствено клиентите од странските пазари, вложени се повеќе од 203 милиони долари, а сега е во застој, како и многу други градежни проекти во таа земја, пренесуваат медиумите.

Проектот „Бурџ Ал Бабас Сарот“ е замислен како населба со 732 вили, хотел, џамија и јавни простори во покраината Бол.

Изградбата била започната во 2011  година, а за вили главно се интересирале Арапите. Меѓутоа, работите станале комплицирани кога против инвеститорите било подигнато обвинение поради наводно уништување на локалните шуми и фрлањето отпад на локалното подрачје.

Во 2016 година започната е истрага, а пред да биде завршен проектот, компанијата прогласила банкрот и продажбата на вили е стопирана.

 

Завршени се 250 вили, а судот сега дозволил продолжување на продажбата, пренесуваат медиумите.

Сопругата на славниот хрватски кошаркар објави фотографија на која е целосно разголена (фото)

Поранешната манекенка и мисица, како и сопруга на познатиот кошаркар Дино Раџа, Викотрија, во “10 Years Challenge” се придружи со црно-бела фотографија на која позира потполно гола.

На неа атрактивната Далматинка градите ги прекрива со косата и со рацете и позира само во штикли, а јасно се гледа пирсингот на папокот.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#tenyearchallenge uz ovu se ne isplati stavljat od danas🤦🏻‍♀️🖖🏻 #fotoshoting #10yearchallenge #tb

A post shared by Viktorija7 (@viktorija7777) on


Да потсетиме, таа кошаркарот наводно го освоила при нивната првата средба во ресторан, а долго се зборуваше дека тој заради неа ја оставил првата сопруга со која има син.

Со Викотрија пак доби уште два сина, а се венчаа во 2001 година.

 

притисни ентер