Никол Кидман откри зошто не ги видела своите деца повеќе од 10 години

Со години се претпоставуваше зошто Никол нема контакт со нив, а сега одлучи да каже нешто во врска со тоа.

Актерката Никол Кидман има две биолошки ќерки со пејачот Кит Урбан, но во првиот брак со Том Круз, таа посвои две деца, со кои наводно денес не се гледа.

Причината за оддалечувањето од Изабела и Конор, кои ги посвои со актерот Том Круз, е затоа што децата одлучија да се посветат на Сеинтолошката црква заедно со нивниот татко.

Иако не се видела со Изабела (25) и Конор (23) повеќе од десет години, оскаровката тврди:

„Тие одлучија да се посветат на Сеинтологијата, а мојата работа како мајка е да ги сакам “, изјави за магазинот WHO.

„Јас сум пример за толеранцијата за која се зборува. Без оглед на тоа што го прави вашето дете, секогаш мора да знае дека неговиот родител го сака. Јас сум многу отворена за ова прашање “, тврди актерката.

Во 2001. година, Никол и Том се разделија, додека Изабела и Конор останаа верни членови на Сеинтолошката црква, како и нивниот татко.

Кидман не присуствуваше на свадбата на ќерката Изабела, која беше во 2015. година, а последен пат заедно се сликани во 2006. година.

Пиоли пред реваншот со Рома: Ова е одлучувачки момент за европските амбиции на Милан

 Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, ги искажа своите очекувања за вечерашниот натпревар со Рома.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, Милан загуби на домашен терен од Римјаните со резултат 0:1.

- Одам на овој натпревар со самодоверба бидејќи знам за што се способни моите играчи. Сигурен сум дека знаат што да прават на вакви важни натпревари. Мора да подобриме некои ситници во однос на првиот натпревар. Ова е одлучувачки момент за нашите европски амбиции. Мора да ги покажеме нашите најдобри квалитети на теренот и да ја исцедиме секоја последна капка пот, изјави тренерот на Милан.

Натпреварот на „Олимпико“ во Рим ќе почне во 21 часот.

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата.

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.

притисни ентер