Љупчо Зиков и Стевчo Јакимовски во Само Вистина

Драги сограѓани, секој петок е исклучок, но дали ќе биде исклучително и вечерва , ќе знаеме од нашитедвајца гости кои изгледа имаат две вистини. 

Која е таа , вистинската вистина, онаа на Љупчо Зиков или таа на Стевчо Јакимовски, погледнете во вечерашното издание на Само Вистина.

Зошто опозицијата и ГРОМ не се согласуваат со речиси ниедна одлука на оваа Влада? Зарем беше толку розово претходните 10 години?

Како и зошто ВМРО-ДПМНЕ стана главна тема последниве неколку недели, наместо актуелните случувања во државата?

На кои министри им се ниша столчето во Влада, и дали ќе има Парламентарни заедно со Претседателски избори

Каде заглави телото за помирување на пратениците, а во чии раце е мандатот на екс-лидерот Груевски? Можеа ли нашите гости да поверуваат дека еден ден ќе се бара „Правда за Груевски“?

За Зиков, Македонија конечно тргна во вистинка насока, онаму каде не се движеше изминатите 27 години. Но како без Европски менталитет, може да влеземе во ЕУ?

Јакимовски пак е на став дека власта оди од „шупливо во празно“ освен Преспанскиот договор нема економска агенда,  граѓаните останаа на последно место. Но како до подобра економија, без стабилно политичко тло?

Дали Панчо Минов ќе биде следниот „просветлен“ за уставните амандмани?

За првпат на Конгрес на ЕПП од ВМРО-ДМНЕ пристигнаа две делегации, со која цел  „втората“ опозициска постава на Конгресот на ЕПП беше лично поканета од Жозеф Дол?

Зошто Дол се сретна со „лично поканетите“ екс претставници на опозицијата а не и со делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ?Кој ќе биде „спасител“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ?

Каква е разликата помеѓу одлуките и прогласот на АСНОМ, Кој доживеа гордост а кој пак срам на меѓународна сцена, за монтажите и реалните состојби на македонската политичка сцена, вечерва во Само Вистина со Љупчо Зиков и Стевчo Јакимовски, на Канал 5 Телевизија.

Иран со одговор до САД :,, Не потклекнуваме , ќе продолжиме со извозот на нафта”

Иран ќе продолжи со извоз на нафта и покрај санкциите на САД .

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека ќе продолжи извозот на нафта и покрај американските санкции кои се дел од психолошката војна и кои неминовно ќе пропаднат.

Со новите санкции кон Иран , која е трета земја во светот про производство на нафта, САД сака да го присили Техеран да се откаже од производството на балистички ракети и развојот на нуклеарната програма.

,,Нема да потклекнеме пред овој притисок. Ќе продолжиме да извезуваме нафта . вашите регионални политики се покажаа неуспешни , а вие за тој неуспех од Јемен и Авганистан до Сирија , го обвинувате Иран . “ , рече Рохани , додека насобраниот народ извикуваше ,,Смрт за Америка”.

Канал 5 од Будимпешта: Груевски е се уште во Унгарија и чека азил

Груевски е се уште во Будимпешта и чека азил.Унгарската опозиција е против посебен третман во неговиот случај.

Имено, во унгарскиот Парламент денеска се случуваше вистинска драма на пратеничките прашања.

Опозициониерите бараат анкетна комисија да го истражи целиот случај, но некои пратеници бараат и кривична одговорност против непознат сторител.

Во Будимпешта е нашиот репортер Александар Видиновски.

Димов: Никогаш ниту сум бил осуден, ниту сум бегал од изрекување на каква било казна

Македонија до сега имаше низа примери на бегство на високи функционери кои беа обвинети или осудени. Екс министерот за здравство Владо Димов реагира на вчерашниот прилог на Канал 5 .

Никогаш не сум бил осуден ниту сум бегал од изрекување на каква било казна, вели Димов.

„Контекстот во кој е спомнато моето име е апсолутно неадекватен од причина што никогаш ниту сум бил осуден ниту сум бегал од изрекување од било каква казна. Напротив, во мојот случај постапките кои се водени против мене се завршени со одбивателна пресуда и со запирање на постапката за наводно неплатен данок,па оттаму жртвите на режимот не можете да ги поистоветувате и да ги ставате во ист кош со креаторите на истиот. Ова дотолку повеќе што одлуките за мојот случај се јавно достапни и сте имале обврска истите да ги проверите. Останатите лица кои ги споменавте се осудени со правосилни судски пресуди, реагира Владо Димов.

притисни ентер