Ципрас: Ајде да се обложиме дека договорот од Преспа ќе помине

Алексис Ципрас комотно го чека исходот во македонското Собрание и воедно  порачува - би се обложил дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент.

„Постои веројатност Договорот да не да помине?

Ајде да се обложиме,

Алексис Ципрас комотно го чека исходот во македонското Собрание и воедно  порачува - би се обложил дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент. Ваквото убедување,  Ципрас го темели на како што вели, амбиентот што се создал во општеството дека Договорот за името е во корист на земјата.  Во интервју за телевизија „Алфа“, тој  оцени дека мнозинството од неопходните 151 пратеник само може да се зголемува, ако лидерот на опозицијата Мицотакис би им дозволил на своите пратеници да гласаат по сопствено убедување.

-Договорот ќе помине поради една причина, затоа што и последниот граѓанин – ги почитувам чувствителноста, реакциите, несогласувањата – започнува да сфаќа дека и покрај тешкотиите и покрај проблемите, овој договор е во корист на земјата, ја надградува, ѝ дава динамика, а особено нашите сограѓани од Северна Грција, сфаќаат дека не може Македонија, Солун да стане економска престолнина на Балканот кога со грб е свртена кон соседите, рече грчкиот премиер во интервјуто за ТВ „Алфа".

Изјавата на Ципрас следи непосредно по жестоките критики што ги испратија Мицотакис и грчкиот претседател Павлопулос во екот на процесот на уставни измени во земјава. Павлопулос бара одговори зошто терминот Македонија и натаму ќе опстојува во членот 36 од македонскиот Устав, зашто како што тврди Договорот не преизнавал македонска нација, туку само државјанство. За Мицотакис, пак, со уставните измени владата во Скопје се подбивала со Грција.

-Оние работи што се носат за ревизија во новиот Устав на Скопје се уште полоши од самиот Договор од Преспа, изјави пред три дена, Кирјакос Мицотакис, лидер на Нова Демократија.

Последните пребројувања во грчкото собрание, кои ги пренесе и угледниот Ројтерс,  велат дека Ципрас веќе обезбедил мнозинство без воопшто да смета на седумтемина пратеници на непопустливиот Каменос. Математиката вели дека на контото од 145 пратеници на Сириза, веројатно би легнале шесте пратеници на партијата Река на Теодоракис, како и на двајца независни пратеници.

Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон.

 Освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Кумуцакос, имал средби со новиот помошникот државен секретар Филип Рикер, со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со Јури Ким, шефот на Директоратот на Стејт департментот за Југоисточна Европа.

Во однос на Договорот од Преспа, според грчката новинска агенција АНА-МПА, Кумуцакос на средбите ја повторил цврстата позиција на Нова демократија дека станува збор за штетен договор и истакнал дека не е урамнотежен затоа што Република Северна Македонија е единствената страна што има конкретна корист преку интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

-За жал не постои нешто конкретно и материјално, што грчките граѓани ќе го видат како позитивен резултат од овој договор. И ова треба да се излечи и е еден од големите залози за следната влада на Нова демократија, за да се справи со негативните последици и да создаде конкретна политика во корист на интересите на земјата, рекол Кумуцакос./МИА.

ДКСК отвори предмети за Матка и за предизборни вработувања во АВМУ

Државната комисија за спречување на корупција отвори два нови предметa по кој ќе постапува по допрен глас.

 Случајот Матка и корупцијата во политиката која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека за двата отворени предмета ќе бараат информации односно документи од општината Сарај односно од АВМУ. Во однос на случајот Матка одлучиле да постапуваат бидејќи, како што рече, институциите се прогласиле за ненадлежни.

Ивановска најави дека можно е да отворат предмет и за случајот со плажите во Струга.

На новинарско прашање до каде со 18 предмети за судир на интереси отворени на 18 јануари годинава, информира дека два предмета се затворени. Во првиот случај за вработувањето на ќерката на пратеничката Емилија Александрова во Фондот за иновации и технолоши развој добиле инфромација дека таа воопшто не конкурирала таму. Во вториот случај – за сопругата на поранешниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, истакна дека добиле информации оти таа била ангажирана со договор на дело како наставник во основно училиште две години, по што по автоматизам и се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.

За вработувањето на ќерката на претседателот на Парламентот, Талат Џафери во ЕЛЕМ, Ивановска истакна дека тие добиле информации од компанијата, но ги сметаат за недоволни. Појасни дека според стручноста, ќерката на Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но дека не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување, и нема информации за останатите кандидати кои се пријавиле на конкурсот.

Запрашана за тоа дали со распишаните тендери во Собранието за време на избори се крши Изборниот законик, таа нагласи дека се што е во рамки на редовно извршување на работите не се смета за прекршување.

Најави дека ДКСК планира да спроведе поопсежна анализа во однос на систематизацијата на вработувањата во јавните компании.

Џафери на студиска посета во Единбург организирана од Вестминстер фондацијата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од 20 до 22 март е на студиска посета во Единбург, Шкотска.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, од 20 до 22 март се на студиска посета во Единбург, Шкотска.

Студиската посета е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија и е во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти собраниската прес-служа.

притисни ентер