Која е Кејт Мари Бурнс, новата амбасадорка на САД?

Белата куќа и официјално ја номираше Кејт Мери Бирнс за нов американски амбасадор во земјава. 

Но пред од Атина да пристигне во Скопје, каде од лани е заменик амбасадор, нејзината номинација ќе треба да биде одобрена од Сенатот на САД.

Пред да ја преземе функцијата во Грција, Бирнс кој е дипломат од кариера со 24 годишен стаж, беше заменик шеф на мисијата на САД во ОБСЕ. Па додека беше во Виена често го пренесуваше ставот на САД во врска со аферата со прислушувањето, Пржинските преговори, формирањето и работата на Специјалното јавно обвинителство и менувањето на власта во земјава. Откако во 2016та ОБСЕ објави финален извештај за набљудуваниот предизборен период околу предвремените парламентарни избори кои беа закажани за јуни па одложени, Кејт Бирнс како одговор напиша:

Актуелната политичка криза во Македонија беше предизвикана од наводите за злоупотреба на власта и можното криминално однесување, како и обвиненија за мешање на извршната власт во судските и обвинителските работи. Овие наводи ја истакнаа клучната важност на Македонија за зајакнување на својот правен систем и владеењето на правото со цел да ги оствари своите евроатлантски цели да стане членка на ЕУ и НАТО.

Лани во март Бирнс упати и жестоки критики до претседателот Ѓорѓе Иванов кој првично одби да го даде мандатот за состав на влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Истата порака следуваше и до тогашниот министер за надворешни Никола Попоски кој присуствуваше на министерскиот состанок на земјите членки на ОБСЕ во Виена. Бирнс на почетокот на мај лани побара и расчистување на собраниските насилства.

Нема прстор за насилство во демократскиот процес. Изразуваме длабока солидарност со повредените пратеници и другите повредени. Бараме од властите да гарантираат безбедност за пратениците, темелно да ги истражат нападите и секој кој извршил, организирал или наредил напад, да одговара.

Со номинацијата на Кејт Бирнс се става крај на шпекулациите дека на местото на Бејли доаѓа американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји. Џес Бејли функцијата амбасадор ја извршува од 2014 година.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер