Тела од милион долари: Ревијата на Викторија сикрет одзема здив (фото)

Синоќа во Њујорк е одржана спектакуларната ревија на Ангелите на Викторија, а колку манекенките блескаа на пистата имате прилика да се уверите и самите...

Како и секоја година, модниот свет со нетрпение го очекува спектаклот кој го приреди најпознатиот бренд за долна облека „Викторија сикрет“.

Преубавите манекенки кој го одбележаа овогодинешното шоу беа Адриана Лима, Кендис Свонпул, Бехати Принсло, Јасмина Тукс, Сара Сампао, Кендал Џенер, Џиџи и Бела Хадид, Тони Гарн, Елса Хоск и уште многу други.

Најголемиот впечаток на ревијата дефинитивно го остави манекенката која во моментов е со најголем стаж меѓу ангелите, Адриана Лима, на која ова и беше последна ревија во кариерата на Ангелите на Викторија.

Уживајте во овие фотографии и уверете се и самите колку вредно манекенките работеле за сето ова да делува феноменално.

Германија вложува милијарда евра во развој на автомобилски батерии

Германија се реши за електрификација на уличниот сообраќај , што подразбира брз премин на автомобилите со внатрешно согорување на целосно електрични возила. 

Батериите за ваков погон до сега во најголем број случаи доаѓаа од Азија. За да стават крај на зависноста од азиските добавувачи , се вклучи и државата , која со дури една милијарда евра ќе ги субвенционира капацитетите кои произведуваат батерии за автомобили.

Со ова драстично намалување на зависноста , Германија ќе ги амортизира и големите промени во автомобилската индустрија со кратење на илјадници работни места. Доколку во 2030 се забранат автомобили со внатрешно согорување , тоа би значело укинување на 430 000 работни места .

Од друга страна се смета дека е предоцна вклучувањето во производство на батерии за автомобили , бидејќи тешко ќе се достигнат јужнокорејските и кинеските компании.

Ако може Мистер Бин , може и Русин – лудо возење надвор од кабината (ВИДЕО)

Сите ја паметат сцената во која Мистер Бин се вози во фотелја на покривот на неговиот Мини Морис.

Слично возило направија во Гараж 54 , познатиот Јутјуб канал за возила. Таму е објавена неверојатна преработка на Волво , каде управувачките команди се сосема излезени надвор од возилото.

Дизајнерите велат дека погледот на другите возила од ваквата позиција е ненадминат.

Поранешната девојка на Бордејн се заљуби во папарацо, излезен од затвор (ВИДЕО)

Поранешната девојка на познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се самоуби пред неколку месеци, е веќе во врска со папарацо, кој тукушто излегол од затвор.

Поранешната девојка на готвачот и патеписец Ентони Бордејн , Асиа Аргенто (43) е во врска со папрацо Фабрицио Корона (44) . Корона е пуштен од затвор , кој беше осуден поради уценување на познати личности. токму тој ги откри деталите од својата врска со Аргенто.

,,Разговаравме со часови, тогаш станав , и ја зедов главата на моите раце и ја бакнав. ја легнав на маса и водевме љубов цел час. “ , раскажува Корона за италијанските медиуми.

И Аргенто во телевизиска емисија раскажува како се запознала со Корона , но и дека тешко се заљубува. За  нивната врска смета дека не е толку сериозна.

Вели дека не е загрижена што Корона е тукушто ослободен од затвор. Во меѓувреме пријателите на Бордејн велат дека умрел со скршено срце.

Познатиот патеписец и готвач , Ентони Бордејн беше во врска со Аргенто кога се самоуби. Таа подоцна тврдела дека имале отворена врска со Ентони.

притисни ентер