Ултра секси издание на косовската пејачка Рита Ора (ФОТО)

Пејачката Рита Ора не само што се дружи со џет сет елитата , туку и си купи куќа во престижниот Холанд Парк во Лондон , каде соседи и се семејството Бекам и пејачот Роби Вилијамс.

Папараците ја фотографираа пејачката како излегува од својот луксузен стан во необична облека. Во средата вечер Рита беше облечена необично , иако таблоидите се навикнати на нејзините модни испади.

27 годишната пејачка беше облечена во проѕирен фустан прекриен со реси и со пердуви , дизајниран од Норвежанецот Кристијан Адневик. Над фустанот носеше розев капут од Макс Мара.

Ваквата комбинација и не би била невообичаена , доколку Рита не заборавеше да облече градник под проѕирниот фустан .

Ако може Мистер Бин , може и Русин – лудо возење надвор од кабината (ВИДЕО)

Сите ја паметат сцената во која Мистер Бин се вози во фотелја на покривот на неговиот Мини Морис.

Слично возило направија во Гараж 54 , познатиот Јутјуб канал за возила. Таму е објавена неверојатна преработка на Волво , каде управувачките команди се сосема излезени надвор од возилото.

Дизајнерите велат дека погледот на другите возила од ваквата позиција е ненадминат.

Поранешната девојка на Борден се заљуби во папарацо , излезен од затвор(ВИДЕО)

Поранешната девојка на познатиот готвач Ентони Бордејн , кој се самоуби пред неколку месеци , е веќе во врска со папарацо , кој тукушто излегол од затвор.

Поранешната девојка на готвачот и патеписец Ентони Бордејн , Асиа Аргенто (43) е во врска со папрацо Фабрицио Корона (44) . Корона е пуштен од затвор , кој беше осуден поради уценување на познати личности. токму тој ги откри деталите од својата врска со Аргенто.

,,Разговаравме со часови, тогаш станав , и ја зедов главата на моите раце и ја бакнав. ја легнав на маса и водевме љубов цел час. “ , раскажува Корона за италијанските медиуми.

И Аргенто во телевизиска емисија раскажува како се запознала со Корона , но и дека тешко се заљубува. За  нивната врска смета дека не е толку сериозна.

Вели дека не е загрижена што Корона е тукушто ослободен од затвор. Во меѓувреме пријателите на Бордејн велат дека умрел со скршено срце.

Познатиот патеписец и готвач , Ентони Бордејн беше во врска со Аргенто кога се самоуби. Таа подоцна тврдела дека имале отворена врска со Ентони.

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор поради пишување за геј врски

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор зашто во својот роман опишувала сцени на секс со хомосексуалци , а на интернет објавила и илјадници еротски дела поврзани со геј секс.

Авторката која се потпишува со името Тианји го привлекла вниманието на кинеските власти откако во една од нејзините книги опишала секс меѓу професор и неговиот студент. Книгата ,,Гонжан” минатата година на интернет привлекла големо внимание.

Освен ,,Гонжан” Тианји објавила уште 7 000 порнографски книги , најголемиот број на тема хомосексуални односи , така што заработила 18 930 евра ,,илегален профит”, објаснуваат власите вом градот Вухуа , во провинцијата Анхои.

Писателката на 31 октомври поднела жалба на пресудата. Десет години затворска казна се изрекува и за силување и друг кривичен престап , така што јавноста е на страната на писателката.

Таа добила висока казна пред се поради заработените пари преку интернет продажбата , зашто во Кина казнено дело е доколку од производство или дистрибуција се заработат повеќе од 6 300 евра.

Сепак во Кина хомосексуалноста е табу тема , иако во 1997 престана да се смета за злосторство , а од  2001 не е веќе ментална болест.

притисни ентер