Двајцата обвинети за убиството на Никола Саздовски се изјаснија дека не се виновни

Започна судењето за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски од навивачката група Комити... На обвинителна клупа седнаа  Бесир Беља и Скендер Демири, кои заедно со третообвинетиот кој е во бегство, се гонат за „убиство на свиреп начин“.

Двајцата обвинители Бесир Беља и Скендер Демири се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за убиството на младиот навивач Никола Саздовски – Саздо. Во воведниот говор обвинителот од Основното јавно обвинителство рече дека ќе докаже оти овие двајца обвинети и Јетон Љужа, кој е во бегство, на 29 јуни годинава на автобуската постојка на булеварот “Александар Македонски” во скопската населба Автокоманда му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако му го утврдиле идентитетот тие со клоци и боксови го претепале по што тој паднал во бесознание . Во коматозна состојба тој бил пренесен на КАРИЛ, каде на 3ти јули му била констатирана мозочна смрт, а на 9ти јули починал.

За адвокатите на обвинетите не станува збор за свирепо убиство, како што тврди обвинителството, туку за насилство, бидејќи според нив обвинетите немале таква умисла. Тие тврдат дека по нападот и тепањето Саздовски паднал со глава на метална кутиуја која се наоѓа на автобуската постојка и така се здобил со тешката повреда која била фатална.

На денешното рочиште сведочеше таткото на Никола Саздовски кој рече дека се приклучува кон кривичниот прогон на обвинителството. Како сведок се јави и седумнаесет годишна девојка, чиј идентитет беше откриен, иако станува збор за малолетно лице. Таа видно исплашена, рече дека добивала закани по телефон, прикривајќи си го лицето со капуљача од јавноста. По ова судот одлучи судењето да продолжи зад затворени врати додека таа сведочи. Адвокатот на семејството на починатиот Никола, Ванчо Шехтански изјави дека е задоволен од исказот на девојката, која била на лице место кога се случил нападот.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за 20ти ноември.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер