Државната секретарка на МВР ја посети Албанија за Законот за ветинг

Делегација од министерството за внатрешни работи на Република Македонија предводена од државната секретарка на МВР Магдалена Несторовска оствари студиска посета на Република Албанија.

Посетата, како што соопшти МВР, ја организира Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а целта беше запознавање со содржините и постапките за донесување и примена на Законот за ветинг на полицијата во Република Албанија.

Во текот на посетата, делегацијата од МВР оствари средба со заменик министерот на министерството за внатрешни работи на  Албанија,  Јулијан Ходај, одговорен за спроведување на Законот за ветинг на полицијата, со претставници на меѓународните организации, во улога на олеснувачи на процесот ICTAP и PAMECA, како и со членовите на парламентарната Комисија за национална безбедност и парламентарниот подкомитет за спроведување на Законот за ветинг на полицијата во Република Албанија.

Иран со одговор до САД :,, Не потклекнуваме , ќе продолжиме со извозот на нафта”

Иран ќе продолжи со извоз на нафта и покрај санкциите на САД .

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека ќе продолжи извозот на нафта и покрај американските санкции кои се дел од психолошката војна и кои неминовно ќе пропаднат.

Со новите санкции кон Иран , која е трета земја во светот про производство на нафта, САД сака да го присили Техеран да се откаже од производството на балистички ракети и развојот на нуклеарната програма.

,,Нема да потклекнеме пред овој притисок. Ќе продолжиме да извезуваме нафта . вашите регионални политики се покажаа неуспешни , а вие за тој неуспех од Јемен и Авганистан до Сирија , го обвинувате Иран . “ , рече Рохани , додека насобраниот народ извикуваше ,,Смрт за Америка”.

Канал 5 од Будимпешта: Груевски е се уште во Унгарија и чека азил

Груевски е се уште во Будимпешта и чека азил.Унгарската опозиција е против посебен третман во неговиот случај.

Имено, во унгарскиот Парламент денеска се случуваше вистинска драма на пратеничките прашања.

Опозициониерите бараат анкетна комисија да го истражи целиот случај, но некои пратеници бараат и кривична одговорност против непознат сторител.

Во Будимпешта е нашиот репортер Александар Видиновски.

Димов: Никогаш ниту сум бил осуден, ниту сум бегал од изрекување на каква било казна

Македонија до сега имаше низа примери на бегство на високи функционери кои беа обвинети или осудени. Екс министерот за здравство Владо Димов реагира на вчерашниот прилог на Канал 5 .

Никогаш не сум бил осуден ниту сум бегал од изрекување на каква било казна, вели Димов.

„Контекстот во кој е спомнато моето име е апсолутно неадекватен од причина што никогаш ниту сум бил осуден ниту сум бегал од изрекување од било каква казна. Напротив, во мојот случај постапките кои се водени против мене се завршени со одбивателна пресуда и со запирање на постапката за наводно неплатен данок,па оттаму жртвите на режимот не можете да ги поистоветувате и да ги ставате во ист кош со креаторите на истиот. Ова дотолку повеќе што одлуките за мојот случај се јавно достапни и сте имале обврска истите да ги проверите. Останатите лица кои ги споменавте се осудени со правосилни судски пресуди, реагира Владо Димов.

притисни ентер