Здивеани припадници на политичка група упаднаа во домот на најголемата ѕвезда на Фокс Њус (ВИДЕО)

Такер Карлосон , новинар и водител на американската телевизија Фокс Њус во средата вечерта се пофготвувал за емисијата во 20 часот , кога наеднаш почнале да му пристигнуваат пораки.

Водителот , кој е татко на четири деца , добил повик дека нешто се случува пред неговата куќа во Нортвест. Веднаш и се јавил на сопругата , која била дома со децата и од нејзиниот телефон слушнал врисоци и силни удари.

По неколку моменти била развалена влезната врата. Жената , мислејќи дека ги ограбуваат , се заклучила во визбата и повикала полиција.

Но , не биле крадци , туку припадници на политичкото движење Антифа . Членовите на оваа група , кои се доведуваат во врска со нападите на видни Републиканци , се појавиле пред куќата на новинарот.

,,Такер Карлсон, пред твојата куќа сме. Знаеме каде спиеш. “ , извикувале насобраните припадници на антифашистичката група Антифа. Дваесетина припадници на групата парадирале пред неговата куќа , извикувале навреди и барале да го напушти градот.

На транспарентите , објавени на видеа на социјалните мрежи биле испишани адресата на новинарот , како и на неговиот брат и на пријателот Нил Пател.

 

Нема ниту 8 години , а студира на три факултети (ВИДЕО)

Најпаметното дете во Европа живее во Амстердам и се вика Лорент Симонс.

Малиот Лорент има коефицинет на интелигенција 145. Со неполни осум години стана најмлад студент во историјата и тоа на три престижни факултети во Холандија , Белгија и во Германија.

Пред запишувањето на факултет , секако завршил основно образование. Го запишале на четири годишна возраст  и го завршил само за две години. Следните година и пол завршил средно училиште.

Лаурент е роден 2009 во Холандија .Сека генијалното момче чита литература по кардиологија и вели дека воопшто не му е лесно да се определи за својата омилена наука.

Родители од пеколот – Ги врзувале во синџири и изгладнувале своите 13 деца (ВИДЕО)

Брачна двојка од Калифорнија е осудена за тепање , врзување со синџири , измачување и изгладнување на своите 13 деца.

Дејвид Турпин (57) и неговата сопруга Луиз (50) се изведени денеска пред судот во Риверсајд каде ја признале вината во договор со обвинителството за да добијат казна затвор од најмалку 25 години . Нема да им се суди и ќе бидат осудени на казна доживотен затвор без можност за намалување на казната, соопштиобвинителството во Калифорнија.  

Родителите на осудените велат дека и двајцата биле многу религиозни , не ги пуштале децата на училиште и ги образувале дома , а секое од децата морало напамет да ја знае Библијата.

На прес конференцијата обвинителот Хестрин изјави дека станува збор за еден од најстрашните злодела што ги видел.

Минатата година полицијата упаднала во домот на семејството Тарпин , на 110 километри источно од Лос Анџелес , откако едно од децата на 17 годишна возраст успеало да побегне од дома и да ги пријави родителите.

Полицијата во домот ги нашле нејзините 12 браќа и сестри на возраст од 2 до 29 години. Некои од нив со синџири биле врзани за креветите.  

Сите биле потхранети поради што им бил пореметен физичкиот изглед . Биле тепани и доколку трошат повеќе вода при миење на рацете. Сите деца биле нечисти , никогаш не биле однесени на доктор , а родителите им покажувале храна , која не им ја давале да ја јадат.

БМВ и Дајмлер смислуваат конкуренција за Убер

Германските производители на автомобили Дајмлер и БМВ претставија заедничка компанија за превоз на повик , услуги на паркирање и полнење електрични возила , како конкуренција на Убер.

Компаниите за производство на луксузни автомобили соопштија дека ќе вложат милијарда евра во ширење на постоечката дејност на системи за плаќање на минута или по поминат километар.

Ваквите компании за услуги на повик има и во Кина , каде компанијата Didi Chuxing  сака да се шири и кон Јужна Америка. Убер , пак создава силна мрежа во САД.

,,Натамошната соработка со другите понудувачи на услуги , вклучително и удел во старт ап компании и соработка со етаблирани играчи , е можно како опција .” , изјави главниот иозвршен директор на Дајмлер , Дитер Захе.

Брендот на Дајмлер Car2Go ќе се поврзе со компаниите на БМВ DriveNow, ParkNow и ChargeNow, со тоа што двајцата производители ќе имаат по 50% удел во заедничкиот потфат.

Двете големи германски компании работат и на развој на автономни автомобили, со што се надеваат дека ќе направат пробив во такси превозот и услугите на превоз на повик.

притисни ентер