Прво обвинение против еутаназија во Холандија

Убиствата од сомилост се легални  во Холандија од 2002 година, но сепак денеска за прв пат властите обвинија доктор за вршење еутаназија врз пациент.

Одлуката беше донесена откако Одборот за разгледување на еутаназија откри дека докторот ја  "пречекорил" границата при еутаназирањето на 74-годишен пациент , болен од  Алцхајмерова болест.

Обвинителите тврдат дека волјата на пациентката  била  "нејасна и контрадикторна" кога станувало збор за нејзината последна желба.

Докторот , кој не е именуван, вели дека постапувал внимателно во случајот.Обвинителите велат дека жената "често изјавувала дека сака да умре, но во други прилики изјавила дека не сака да умре", што значи дека не било јасно дали сака да се изврши еутаназија .

Хуго де Јонге, холандскиот министер за здравство, изјави за медиумите дека случајот не е причина за измена  на законот за еутаназија.

Таканаречените убиства од сомилост се законски во Холандија од 2002 година, по што по неколку месеци ги легализира и Белгија . Минатата година, речиси 7.000 луѓе избраа да умрат со еутаназија во Холандија - што е еднакво на повеќе од 4% од сите смртни случаи.

Ако може Мистер Бин , може и Русин – лудо возење надвор од кабината (ВИДЕО)

Сите ја паметат сцената во која Мистер Бин се вози во фотелја на покривот на неговиот Мини Морис.

Слично возило направија во Гараж 54 , познатиот Јутјуб канал за возила. Таму е објавена неверојатна преработка на Волво , каде управувачките команди се сосема излезени надвор од возилото.

Дизајнерите велат дека погледот на другите возила од ваквата позиција е ненадминат.

Поранешната девојка на Бордејн се заљуби во папарацо, излезен од затвор (ВИДЕО)

Поранешната девојка на познатиот готвач Ентони Бордејн, кој се самоуби пред неколку месеци, е веќе во врска со папарацо, кој тукушто излегол од затвор.

Поранешната девојка на готвачот и патеписец Ентони Бордејн , Асиа Аргенто (43) е во врска со папрацо Фабрицио Корона (44) . Корона е пуштен од затвор , кој беше осуден поради уценување на познати личности. токму тој ги откри деталите од својата врска со Аргенто.

,,Разговаравме со часови, тогаш станав , и ја зедов главата на моите раце и ја бакнав. ја легнав на маса и водевме љубов цел час. “ , раскажува Корона за италијанските медиуми.

И Аргенто во телевизиска емисија раскажува како се запознала со Корона , но и дека тешко се заљубува. За  нивната врска смета дека не е толку сериозна.

Вели дека не е загрижена што Корона е тукушто ослободен од затвор. Во меѓувреме пријателите на Бордејн велат дека умрел со скршено срце.

Познатиот патеписец и готвач , Ентони Бордејн беше во врска со Аргенто кога се самоуби. Таа подоцна тврдела дека имале отворена врска со Ентони.

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор поради пишување за геј врски

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор зашто во својот роман опишувала сцени на секс со хомосексуалци , а на интернет објавила и илјадници еротски дела поврзани со геј секс.

Авторката која се потпишува со името Тианји го привлекла вниманието на кинеските власти откако во една од нејзините книги опишала секс меѓу професор и неговиот студент. Книгата ,,Гонжан” минатата година на интернет привлекла големо внимание.

Освен ,,Гонжан” Тианји објавила уште 7 000 порнографски книги , најголемиот број на тема хомосексуални односи , така што заработила 18 930 евра ,,илегален профит”, објаснуваат власите вом градот Вухуа , во провинцијата Анхои.

Писателката на 31 октомври поднела жалба на пресудата. Десет години затворска казна се изрекува и за силување и друг кривичен престап , така што јавноста е на страната на писателката.

Таа добила висока казна пред се поради заработените пари преку интернет продажбата , зашто во Кина казнено дело е доколку од производство или дистрибуција се заработат повеќе од 6 300 евра.

Сепак во Кина хомосексуалноста е табу тема , иако во 1997 престана да се смета за злосторство , а од  2001 не е веќе ментална болест.

притисни ентер