Средба на министерот за култура Адеми со амбасадорот на Шпанија, Емилио Лорецо Сера

Министерот за култура Асаф Адеми во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лорецо Сера.

Според соопштението од Министерството,на средбата соговорниците истакнаа дека Република Македонија  и Кралството Шпанија придаваат големо значење на  развојот на пријателските односи меѓу двете земји коишто се карактеризираат со висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање.

Што се однесува на културната соработка меѓу Македонија и Шпанија, министерот Адеми нагласи дека е на солидно ниво,  со континуирано претставување на македонската и на шпанската култура во двете земји, истакнувајќи ја притоа и важноста од нејзино продлабочување преку поголема размена на експерти, уметници и проекти. Тој  предложи и воспоставување директна соработка меѓу филхармониите на двете земји, што би резултирала со реализација на заеднички проекти и гостувања на оркестрите и на диригентите. Исто така, Адеми му предложи на амбасадорот Сера и воспоставување директна соработка меѓу Музејот на современата уметност од Скопје со некој од музеите во  Шпанија кои ја третираат современата уметност, како: Музејот на современата уметност од Барселона, Музејот за современата уметност „Естебан Висенте“ од Сеговиа, Институот за модерни уметности во Валенсија, „MACA-музејот за современа уметност“ во Аликанте.  

Амбасадорот Сера, пак, ја истакна поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија. Тој, исто така, ја пренесе и заинтересираноста на Министерството за култура на Кралството Шпанија за воспоставување интензивни културни врски, што би резултирало со поголема соработка меѓу установите од областа на културата, реализација на проекти и размена на уметници, а сѐ со цел поголема промоција на шпанската и на македонската култура во двете земји.

Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон.

 Освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Кумуцакос, имал средби со новиот помошникот државен секретар Филип Рикер, со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со Јури Ким, шефот на Директоратот на Стејт департментот за Југоисточна Европа.

Во однос на Договорот од Преспа, според грчката новинска агенција АНА-МПА, Кумуцакос на средбите ја повторил цврстата позиција на Нова демократија дека станува збор за штетен договор и истакнал дека не е урамнотежен затоа што Република Северна Македонија е единствената страна што има конкретна корист преку интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

-За жал не постои нешто конкретно и материјално, што грчките граѓани ќе го видат како позитивен резултат од овој договор. И ова треба да се излечи и е еден од големите залози за следната влада на Нова демократија, за да се справи со негативните последици и да создаде конкретна политика во корист на интересите на земјата, рекол Кумуцакос./МИА.

ДКСК отвори предмети за Матка и за предизборни вработувања во АВМУ

Државната комисија за спречување на корупција отвори два нови предметa по кој ќе постапува по допрен глас.

 Случајот Матка и корупцијата во политиката која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека за двата отворени предмета ќе бараат информации односно документи од општината Сарај односно од АВМУ. Во однос на случајот Матка одлучиле да постапуваат бидејќи, како што рече, институциите се прогласиле за ненадлежни.

Ивановска најави дека можно е да отворат предмет и за случајот со плажите во Струга.

На новинарско прашање до каде со 18 предмети за судир на интереси отворени на 18 јануари годинава, информира дека два предмета се затворени. Во првиот случај за вработувањето на ќерката на пратеничката Емилија Александрова во Фондот за иновации и технолоши развој добиле инфромација дека таа воопшто не конкурирала таму. Во вториот случај – за сопругата на поранешниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, истакна дека добиле информации оти таа била ангажирана со договор на дело како наставник во основно училиште две години, по што по автоматизам и се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.

За вработувањето на ќерката на претседателот на Парламентот, Талат Џафери во ЕЛЕМ, Ивановска истакна дека тие добиле информации од компанијата, но ги сметаат за недоволни. Појасни дека според стручноста, ќерката на Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но дека не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување, и нема информации за останатите кандидати кои се пријавиле на конкурсот.

Запрашана за тоа дали со распишаните тендери во Собранието за време на избори се крши Изборниот законик, таа нагласи дека се што е во рамки на редовно извршување на работите не се смета за прекршување.

Најави дека ДКСК планира да спроведе поопсежна анализа во однос на систематизацијата на вработувањата во јавните компании.

Џафери на студиска посета во Единбург организирана од Вестминстер фондацијата

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од 20 до 22 март е на студиска посета во Единбург, Шкотска.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, од 20 до 22 март се на студиска посета во Единбург, Шкотска.

Студиската посета е организирана од Вестминстер фондацијата за демократија и е во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на буџетска парламентарна канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти собраниската прес-служа.

притисни ентер