Окон му ја ,,изработи” победата на Хамилтон – го закачи Ферстапен

Возачот на Мерцедес , Луис Хамилтон нанижа уште една победа во Формула 1, денеска во Бразил .

Бритаецот до пред крај на трката се сметаше дека ќе го освои второто место , но Естебан Окон го запре Макс Ферстапен , кој беше најсериозен кандидат за шампион.

Холанѓанецот возеше одлично и во 40 круг го претекна Хамилтон , кој беше пред победа. Но , во моментот кога Ферстапен требаше рутински да го претрка Естебан Окон , следуваше инцидент.

Окон иницираше контакт и тоа беше доволно болидот на Ферстапен да излета од патеката.

Хамилтон тоа го искористи и до крајот на трката остана на челната позиција. Трет пристигна Кими Раиконен, а четврт Даниел Рикардо.

Ибрахимовиќ останува во Лос Анџелес Галакси!

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните десетина години, шведскиот ас Златана Ибрахимовиќ уште најмалку една сезона  останува член на Лос Анџелес Галакси.

Популарниот Ибра  во март годинава од Манчестер Јунајтед се пресели во редовите на тимот од Лос Анџелес.

Во 27 средби во Американската лига, Ибрахимовиќ постигна 22 гола , но неговата екипа сепак не успеа да се избори за место во Плеј фото на американската МЛС лига.

Се шпекулираше дека 37 годишниот  напаѓач во зимскиот преоден рок ќе се врати во Европа, во поранешниот клуб Милан. Но, Ибрахимовиќ на изненадување на медиумите одлучи да потпише нов договор со Галакси , под подобри услови.

Ибра на социјалните мрежи објави видео  од соблекувалната на Галакси со порака:

-Се уште не сум завршил со вас.

Манчестер Јунајтед го отпушти Мурињо

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, објавено е на официјалниот твитер-профил на клубот.

„Би сакале да му се заблагодариме за неговата работа во Манчестер Јунајтед и да му посакаме успех во иднина“, стои во пораката.

Претходно, британските медиуми објавија дека во случај на отпуштање на тренерот, клубот ќе мора да плати надомест од 24 милиони фунти.

На официјалниот сајт на „Црвените Ѓаволи“, е наведено дека клубот ќе назначи тренер кој ќе ја финализира сегашната сезона. Неговото име се уште е непознато.

Јунајтед во моментот е на шестото место во шампионатот на Англија со 26 бода од 17 натпревари.

Под водство на 55-годишниот Мурињо, МЈ го освои Лига Купот, Суперкупот на Англија и Лига Европа.

Пепе го исплати долгот на Бешикташ кон чистачките и си замина

Иако минатото лето без обештетување го напушти Реал Мадрид и потпиша двегодишен договор со Бешикташ , Пепе го раскина договорот со турскиот клуб , што предизвика шок во јавноста.

Турските медиуми тврдат дека причината за заминувањето е поради финансиите. Со неполни 5 милиони евра годишно , Пепе беше еден од најдобро платените фудбалери во Турција.

Но , бидејќи Бешикташ се дави во долгови , тој не ги добил последните неколку плати, како и сите други фудбалери и вработени во клубот. Пепе побара прекин на договорот  , а клубот Бешикташ за да не биде тужен , се согласи на поништување на договорот до 30 јуни 2019.

На службеното збогување , Пепе лично им ги исплати заостанатите плати на персоналот , како на чистачките, готвачите и работниците на одржување.

Сега се очекува кој клуб ќе го земе поранешниот одбрамбен играч на Реал, Порто и на Бешикташ.

притисни ентер