Роналдо синоќа се појави во О2 арената во Лондон на премиерот меч на завршниот Мастерс на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ против високиот Американец Џон Изнер.

Заедно со Кристијано во првиот триумф на Ѓоковиќ во Лондон уживаа и неговата свршеница Герогина Родригез и синот Кристијано Роналдо Јуниор.
Роналдо иако беше на трибините во еден миг „го украде“ шоуто и вниманието на публиката.
Роналдо, Герогина и Малиот Кристијано внимателно го следеа секој потег на Ѓоковиќ и Изнер во еден момент топчето тргна токму кон нивната ложа.
Кристијано се наведна преку невенчаната сопруга за да го дофати топчето. Но покажа дека со рацете не е така вешт како со нозете. Па откако се одби, топчето ја погоди Георгина во главата, што предизвика насмевка кај сите присутни во салата.