Нов воен конфликт во Појасот Газа

По две годишно привидно примирје, повторно гори на Блискиот исток.

Палестинските сили истрелаа стотици ракети на израелска територија, Израел врати со бомбардирање на стотина цели врз движењето Хамас во појасот Газа.

Конфликтот ја зеде и првата израелска жртва по 4 години.

Меѓународната заедница повикува да се смири насилството.

Небото над јужен Израел синоќа го осветли дожд од ракети, како вовед во нов жесток судир на Блискиот Исток. Палестинските сили истрелаа над 400 ракети, одземајќи ја првата израелска жртва во градот Ашкелон, прв пат по четири години. Еврејската држава возврати со бомбардирање на повеќе од 100 цели во појасот Газа и уби најмалку шестмина Палестници, од кои двајца цивили.

-Се е разурнато како што можете да видите. Има и загинати и ранети. Стравуваме од тоа што ќе се случува, вели жител на Појасот Газа

-Остро ги осудуваме кукавичките злосторства на окупаторските израелски сили. Ние не се предаваме и им даваме целосна поддршка на силите на отпорот, изјави Есам Абуда, демократски сили за ослободување на Палестина

Новиот конфликт на Блискиот исток се разгори откако израелски специјалци пред два дена изведоа тајна акција во појасот Газа, во која беше убиен еден од командантите на Хамас и уште шестмина припадници на радикалното движење. По неколкук часа стигна одмазда од Хамас, кој гранатираше израелски воен автобус на самата граница, но во нападот немаше жртви. Израелскиот премиер Нетанјаху го свика Советот за безбедност, а изралската пешадија со оклопни возила го зголеми присуството на границата со Појасот Газа. Обединетите нации, Европската Унија и Русија ги повикаа Израелците и Палестинците да и стават крај на ескалацијата на насилството, кое се случува во момент кога беше постигнат очигледен напредок за постигнување на примирје, посредувано од Египет и Светската организација.

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер