Фото: Брижит Макрон во дворецот Версај ги пречека сопругите на светските лидери

Гламур и луксуз во Версај се пиеле Бордо и шампањ.

По крајот на церемонијата која се одржа пред Триумфалната капија во Париз и по завршувањето на сите официјални должности во чест на прославата за победата во Првата Светска војна , претседателите и лидерите се упатиле во Елисејската палата. Нивните сопруги пак биле гости на Првата дама на Франција, Брижит Макрон  

Француската прва дама во дворецот Версај организирала ручек за 45 сопруги на претседатели и високи државни претставници.

На свечениот ручек меѓу другите присуствувале и првата дама на САД, Меланија Трамп, Шарлен од Монако и многу други.

Менито било богато и типично француско, пилешко од Брест со компири  од Соме и три врсти  на вино.

Лудак зад воланот, по снег и поледица на автопатот Шид – Белград возел 245 километри на час!?

Српската сообраќајна полиција уапси Хрват поради насилничко возење автомобил.

Државјанин на Хрватска,возач на Ауди 8 е запрен од сообраќајната полиција  на автопатот Шид – Белград во Србија , поради тоа што по лизгав и замрзнат пат и лоши временски услови  возел со брзина од 245 километри на час.

Несовесниот возач  веднаш бил приведен и однесен кај судија за прекршоци поради насилничкото возење. Судијата експресно му изрекол казна од 30 дена затвор, 120 000 динари и 9 месеци забрана за управување  на моторно возило.

Хрватот веднаш потоа бил спроведен во затвор на издржување на затворската казна.

Гостин во ресторан во Њујорк во својот ручек пронашол бисер!?

Во познатиот ресторан во Њујорк „ Central ojster bar",еден од редовните гости Рик Антош во својот ручек пронашол бисер!

Рик пристигнал во ресторанот на ручек со пријател и го нарачал својот вообичаен ручек  во цена од 14,75 долари, печење и чорба од школки.

Како што изјавил 66- годишниот  Рик за „Њујорк Пост“ кога започнал да јаде во устата почувствувал мал тврд предмет.

-Прво помислив дека скршив заб или ми паднала пломба, изјавил Рик.

Но подоцна  видел дека станува збор за бисер со големина на зрно грашок.

„Веќе 28 години работам во ресторанот, ова е само втор пат јас да присуствувам на ваква случка. Ние инаку, на дневно ниво продаваме повеќе од 5000 школки остриги, изјавил за медиумите директорот на ресторанот Сенди Ингберг.

Среќниот Рик сега размислува што да прави со пронајдениот бисер.

Фото: Домашните миленици на Јелена Карлеуша

Популарната српска пејачка  Јелена Карлеуша  ги израдува своите две ќерки со нови пријатели.

Сексапилната Џеј Кеј  одлучи да ги изненади своите ќерки и да им купи по еден домашен миленик.

Нови станари на домот на  Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се две преубави кученца од растат  лабрадор.

На новите станари секако најмногу им се израдуваа ќерките на Јелена и Душко, Атина и Ника.

притисни ентер