Чудни летечки објекти на небото над Ирска (ФОТО)

Ирската Национална служба за воздухопловство почна сериозна истрага поради неодамнешната појава на НЛО над југозападниот брег.

Во петокот , жена пилот на авиокомпанијата Бритиш Ервејс во 6.47 часто утрото ја контактирала контролата на летање . Сакала да знае дали во близина има воени вежби , бидејќи забележала објект што се движи со голема брзина . од контролата на летање и одговориле дека на тоа подрачје не одвиваат воени вежби.

Жената пилот , која возела на речацијата Монтреал- Лондон видела многу силно светло кое се приближува кон левата страна на авионот и по некое време со голема брзина свртело на север. Не било јасно за каков објект станува збор , но изгледало дека немало намера да се судри со авионот.

Наскоро на колешката и се придружил и пилот од авионската компанија Вирџин . Тој забележал слични светла , но сметал дека се работи за метеори или слични објекти. Видел повеќе сјајни објекти , кои имале иста патека , раскажал пилотот.

Уште еден пилот пријавил дека видел чудни објекти кои се движеле со огромна брзина , два пати поголема од брзината на звукот.

Казна од 500 евра за туристите за користење на пластика

Туристите кои го посетуваат островот Капри во Италија ќе се соочат со парична казна до 500 евра ако користат пластични кеси, чинии или прибор за јадење.

 Италијанското монденско острово Капри воведе нов закон за зачувување на природната средина.

Забраната која започна да се применува од почетокот на месецот се однесува на традиционалната пластика, сето ова е направено со цел да се заштити морскиот брег во близина на Неапол.

Градоначалникот Џовани Де Мартино за „Тајмс “ изјавил  дека законот ќе донесе нови промени , но тој е сигурен оти никој нема да се жали поради зачувувањето на природната околина.

Фото: Прекрасната Моника Белучи

Италијанската актерка, 54 годишната Моника Белучи уште еднаш покажа зошто веќе долго се наоѓа на листите на најубавите жени на светот.

Една од најубавите светски актерки уште еднаш ги воодушеви сите со својот изглед на црвениот тепих на Канскиот фестивал.

54-годишната Моника се појави на премиерата на филмот „ The Best Years of a Life",а на фоторепортерите им позираше во  тегет долг фустан со тантела и екстравагантен ѓердан.

Фото: Без долна облека на црвениот тепих, важно е да бидеш забележана!?

Важно е да бидеш забележано, но не до толку многу!?

По црвениот тепих на Канскиот фестивал годинава прошетаа скоро сите ѕвезди и ѕвездички во креации кои одземаат здив.

Кога  пред фоторепортерите во Кан се појави виетнамската манекенка Нгок Тринх никој не знаеше каде да гледа.

Нејзините фотки завршија  на сите светски сајтови, но поради тоа што е позната и блеснала на црвениот тепих, туку поради тоа што едноставно била вулгарна.

притисни ентер