УЕФА му се закани на ПСЖ со исфрлање од Лигата на шампионите

Француското списание ,,Екip”  објавува дека УЕФА му се заканила на клубот Пари Сен Жермен со можно исфрлање од Лигата на шампионите поради кршење на правилата за фер- плеј.

Од седиштето на УЕФА во Нион најавија дека ќе отворат истрага против одделни клубови меѓу кои и парискиот , под сомнение дека не покажале реален износ на спонзорските договори. Уште од 3 јули финансиското тело на УЕФА го проверува клубот.

Така на пример спонзорските договори со Катар девалвирале , така што во финансиската документација не биле прикажани виостинските износи , бидејќи вистинската вредност е 87 , а не 138 милиони евра ,како што било наведено.

И договорот со компанијата QTA која е главен спонзор на тимот има реална вредност од 58 милиони евра ,а биле прикажани 100 милиони.

Според тоа клубот би требало да биде во дефиоцит од 84 милиони, што е далеку над годишната граница од 30 милиони евра , дозволена од УЕФА според законот за финансиски фер – плеј.  

Ибрахимовиќ останува во Лос Анџелес Галакси!

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните десетина години, шведскиот ас Златана Ибрахимовиќ уште најмалку една сезона  останува член на Лос Анџелес Галакси.

Популарниот Ибра  во март годинава од Манчестер Јунајтед се пресели во редовите на тимот од Лос Анџелес.

Во 27 средби во Американската лига, Ибрахимовиќ постигна 22 гола , но неговата екипа сепак не успеа да се избори за место во Плеј фото на американската МЛС лига.

Се шпекулираше дека 37 годишниот  напаѓач во зимскиот преоден рок ќе се врати во Европа, во поранешниот клуб Милан. Но, Ибрахимовиќ на изненадување на медиумите одлучи да потпише нов договор со Галакси , под подобри услови.

Ибра на социјалните мрежи објави видео  од соблекувалната на Галакси со порака:

-Се уште не сум завршил со вас.

Манчестер Јунајтед го отпушти Мурињо

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед, објавено е на официјалниот твитер-профил на клубот.

„Би сакале да му се заблагодариме за неговата работа во Манчестер Јунајтед и да му посакаме успех во иднина“, стои во пораката.

Претходно, британските медиуми објавија дека во случај на отпуштање на тренерот, клубот ќе мора да плати надомест од 24 милиони фунти.

На официјалниот сајт на „Црвените Ѓаволи“, е наведено дека клубот ќе назначи тренер кој ќе ја финализира сегашната сезона. Неговото име се уште е непознато.

Јунајтед во моментот е на шестото место во шампионатот на Англија со 26 бода од 17 натпревари.

Под водство на 55-годишниот Мурињо, МЈ го освои Лига Купот, Суперкупот на Англија и Лига Европа.

Пепе го исплати долгот на Бешикташ кон чистачките и си замина

Иако минатото лето без обештетување го напушти Реал Мадрид и потпиша двегодишен договор со Бешикташ , Пепе го раскина договорот со турскиот клуб , што предизвика шок во јавноста.

Турските медиуми тврдат дека причината за заминувањето е поради финансиите. Со неполни 5 милиони евра годишно , Пепе беше еден од најдобро платените фудбалери во Турција.

Но , бидејќи Бешикташ се дави во долгови , тој не ги добил последните неколку плати, како и сите други фудбалери и вработени во клубот. Пепе побара прекин на договорот  , а клубот Бешикташ за да не биде тужен , се согласи на поништување на договорот до 30 јуни 2019.

На службеното збогување , Пепе лично им ги исплати заостанатите плати на персоналот , како на чистачките, готвачите и работниците на одржување.

Сега се очекува кој клуб ќе го земе поранешниот одбрамбен играч на Реал, Порто и на Бешикташ.

притисни ентер