Дилеми околу корисноста на антибиотиците!

Честата и непотребна употреба на антибиотици прави лошите бактерии да се имуни и на најсилниот антибиотик. 

Најмалку 300 изолирани бактериии на годишно ниво поради влошена здравствена состојба кај пациентот биле резистентни на антибиотици или лековите не можат ништо против овие бактерии.

Бројките се многу поголеми, но поради штедење во клиниките не се прават сите микробилошки испитувања кај пациентите. На прво место се бактериите ешерихија коли и стафилококните бактерии.

– Можеме да кажеме колку бактерии сме изолирале. Таа бројка е неколку стотици, значи дека се работи за стотици луѓе, но тоа се само оние пациенти кај кои е земен примерок. Кај нас доста се штеди во земање примероци така што има сигурно уште илјадници кои или оздравеле или на здравјето им се искомплицирало без да имаме доказ дека бактеријата била резистентна. Тоа што го изолираме како сигурно патогени бактерии, е меѓу 200 и 300 соеви годишно во крвта на човекот при септични состојби, објасни универзитетскиот професор Никола Пановски.

Во Македонија минатата година биле препишани 1,8 милиони рецепти.

– Преку аптеките се потрошени 1,8 милиони рецепти за антибиотици. Ова покажува дека имаме солидна бројка на трошење антибиотици, односно дека ја достигнуваме бројката од 20 дневни дефинирани дози потрошени на товар на Фондот. Ако во овие рамки ги вклучиме и комерцијално потрошените лекови, потрошените лекови во болниците и лековите искористени во ветерината, можеме да кажеме дека во Македонија се користи навистина голем број антибиотици. Тоа не е само здравствен ризик, туку претставува и финансиски товар, рече Кристина Христова од Фондот.

Антибиотици има и во прехрабрените продукти, но и во производите од животинско потекло. Од СЗО со апел дека треба да се внимава и во начинот на лекување на животните, зошто се пренесува и на луѓето. Од министерството за здравство најавија стратегија за едукација на населението на своја рака да не пијат антибиотици.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер