Легендарниот фудбалер обвинет за сексуален напад во воз

Легендарниот англиски фудбалер Пол Гаскојн е обвинет за сексуален напад во воз на релација на Јорк до Дурам во Англија.

Според британската полиција , инцидентот се случил на 20 август , кога 51 годишната легенда на англискиот фудбал бил уапсен зашто во воз ,,вознемирувал и несоодветно пипнал жена” додека патувал со возот.

Следниот месец Гаскојн ќе треба да се појави на суд. Тој имаше големи проблеми со алкохолизмот и нарко зависноста , па дури и бил на лекување.

Во текот на кариерата играл за повеќе клубови , меѓу кои за Њукасл , Тотенхем, Лацио, Ренџерси , Евертон , а додека за репрезентацијата на Англија има постигнато 10 гола на 57 натпревари.  

Трагедија во Боливија- судијата почина среде натпревар (ВИДЕО)

Боливискиот фудбалски судија , 32- годишниот Виктор Иго Хуртадо почина вчеравечер на прволигашкиот натпревар меѓу Олвес Риди и Ориенте Петролер. 

Судијата Хуртадо во 54. минута на натпреварот паднал на теренот , по што му била пружена лекарска помош. Итно бил префрлен во болница , но не успеале да го спасат. Точната причина за смртта ќе ја покаже обдукцијата , но се смета дека судијата починал од срцев удар.

Оваа трагедија го отвори повторно прашањето за условите за играње фудбал , бидејќи стадионот во местото Ел  Алто е на најголема надморска височина на светот , на 4 150 метри , каде нема доволно кислород и фудбалерите се под посебен напор.

Надал ја освои 34-та Мастерс титула

Надал во финалето го победи Ѓоковиќ.

Рафаел Надал успеа да ја одбрани титулата. Во финалето Надал го победи Новак 1:2 (0:6, 6:4, 1:6)

За Шпанецот денешниот трофеј е негов јубилеен десетти од Мастерсот во Рим, а прв во оваа сезона и сигурно е добра најава пред претстојниот Ролан Гарос.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го „преживеа“ епскиот трилес и се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот 1000 во Рим.

Ѓоковиќ го доби четврфиналниот трилер против Дел Потро со 2-1 по сетови 4-6, 7-6 и 6-4 кој заврши во еден часот по полноќ.

Лидерот на АТП листата го победи  извонредниот Дел Потро во исклучително драматичен трилер кој траеше нешто повеќе од три часа.

Во нивниот 20 -ти меѓусебен дуел Ѓоковиќ по 16 пат во кариерата стигна до посакуваниот триумф.

На патот кон уште едно финале, противник на Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим ќе биде уште еден Аргентинец, одличниот Диего Шварцман кој во четврфиналето беше подобар од Јапонецот Кеи Нишикори.

притисни ентер