Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор поради пишување за геј врски

Кинеска писателка е осудена на 10 години затвор зашто во својот роман опишувала сцени на секс со хомосексуалци , а на интернет објавила и илјадници еротски дела поврзани со геј секс.

Авторката која се потпишува со името Тианји го привлекла вниманието на кинеските власти откако во една од нејзините книги опишала секс меѓу професор и неговиот студент. Книгата ,,Гонжан” минатата година на интернет привлекла големо внимание.

Освен ,,Гонжан” Тианји објавила уште 7 000 порнографски книги , најголемиот број на тема хомосексуални односи , така што заработила 18 930 евра ,,илегален профит”, објаснуваат власите вом градот Вухуа , во провинцијата Анхои.

Писателката на 31 октомври поднела жалба на пресудата. Десет години затворска казна се изрекува и за силување и друг кривичен престап , така што јавноста е на страната на писателката.

Таа добила висока казна пред се поради заработените пари преку интернет продажбата , зашто во Кина казнено дело е доколку од производство или дистрибуција се заработат повеќе од 6 300 евра.

Сепак во Кина хомосексуалноста е табу тема , иако во 1997 престана да се смета за злосторство , а од  2001 не е веќе ментална болест.

Што има во богатите пакетчиња за помалку среќните на доделувањето на Оскарот

Сите кои се номинирани за најпрестижната филмска награда Оскар , ќе добијат пакет вреден околу 100 000 долари.

Меѓу предметите во пакетот се и брендирана четка и гума за одзатнување тоалет , кој свети во темница, потоа забен конец , сет од 15 пара вештачки трепки , чоколадни бомбони со канабис и слични предмети , со вкупна вредност од околу 100 000 долари. Пакетот се нарекува ,,Сите победуваат” (Everybody wins) и е наменет за да им ја намали тагата на номинираните кои нема да добијат Оскар.

Според организаторот , целта не е да им се дадат скапи подароци , туку на номинираните да им се намали разочарувањето , па затоа подариците треба да се забавни и весели.

Откако во Калифорнија е легализирана марихуаната , организаторите на Оскар не размислуваа многу. Во пакетот се најдоа и серуми и креми со марихуана, како и годишна членска карта за клуб во Холивуд , каде може да пушат марихуана.

На пописот на подароци е и бесшумна пумпа за доење , водилка за кучиња, како и слика на портретистот Реин Вилијамс , чиии слики се ценат меѓу 10 и 20 000 долари.

Најскап дел од подарокот сепак е третманот за подмладување на холивудските ѕвезди во њујоршката клиника ,,др.Константин Васукевич” , што чини 30 000 долари.

Годинава во подарокот ќе има и ваучер за ексклузино патување на некоја авантуристичка дестинација како Амазон , Галапагос, Исланд , Костарика и Панама.

Номинираните , кои ќе останат без Оскар , ќе може и да се одмораат во Грција , да добијат вечера за двајца на органска фарма во Мексико , една недела да минат во велнес центар во Калифорнија и уште по некој викенд за опуштање и подмладување.

Меѓу најинтересните подароци годинава е и бесплатен третман за лекување фобии кај докторката Калиопе Барлис.

Дневен хороскоп за 23.2.2019

Дневен хороскоп за сабота, 23. февруари 2019. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можни се проблеми во поширокото семејство , така што ќе немате време за љубов или за партнерот.

Кариера

Уметниците и креативните денеска ќе ги изразуваат експресионистичките идеи пред угледна публика.

Здравје

Внимавајте на фрустрации.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе доживеат блиска средба со личност од своето љубовно минато. Други само ќе размислуваат за такво нешто.

Кариера

Атмосферата на работното место би можела да биде напната . Ништо не форсирајте , туку повлечете се и причекајте до утре.

Здравје

Премногу силни емоции.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска посебно ќе блескате што ќе биде препознаено од речиси секого. Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Кариера

Во конкретните работи , како и во услужните дејности , работите ќе ви одат од рака. Уметниците денеска нека мируваат.

Здравје

Блескате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно ќе бидете во ситуација да покажете колку сте ранливи и емотивни. Другата страна ќе ве разбере.

Кариера

Ќе смислите нови идеи , со кои би можеле да ги зголемите приходите. Се треба да договорите со колегите.

Здравје

Немојте да се опијаните , зашто тоа нема да излезе на добро.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веројатно ќе се заплеткате во уште една љубовна илузија , каде нема да се знае кој пие , а кој плаќа.

Кариера

Оние кои одмораат , ќе успеат да се опуштат . Оние кои работат , ќе гледат што побргу да ги завршат обврските.

Здравје

Најдобро е да го преспиете денов.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можело да се случи денеска да увидите дека на некои работи едноставно им е истечен рокот на траење.

Кариера

Ќе ви падне на памет идеја , со која целосно би можеле да го смените системот на вашата работа.

Здравје

Вашата смисла за хумор веројатно ќе ве напушти.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои од вашите пријатели денеска би можел да ве растажи . Саканата личност ќе успее да ве утеши.

Кариера

Ќе се замислувате на бина и ќе посакате да слушнете аплауз од публиката . Тоа некои навистина ќе го доживеат.

Здравје

Трпение , спасение.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денеска многу полесно се дише , а кај вас повторно расте оптимизмот, среќата и задовокството. Истото се однесува и за вашиот партнер.

Кариера

Бидете максимално тактични во секоја соработка. Ако треба , почекајте до утре и се ќе си дојде на своето место.

Здравје

Ќе се разведрите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во душата ќе почиствувате олеснување , но и натаму ќе треба да и се прилагодувате на другата страна , зашто таа ќе ги држи конците во своите раце.

Кариера

Денеска веројатно ништо нема да ви оди од рака. Помирете се со тоа и почекајте до утре , кога се ќе ви изгледа подобро.

Здравје

Имунитетот и натаму ви е слаб.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе поминува денот , се повеќе ќе ви станува јасно колку се сакате , но кај вас ќе расте и потребата за доминација над партнерот.

Кариера

Студентите нека бидат внимателни и нека не се залетуваат. За другите вообичаен ден.

Здравје

Мали емотивни турбуленции.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате силна поврзаност со семејството . Ќе имате потреба да останете дома и да уживате.

Кариера

Би било добро да го одложите деловното патување – барем до утре. Ако морате да патувате , сметајте на проблеми во транспортот .

Здравје

Сакате промени.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони подлабоко да ги проучите своите приватни односи. Некои ќе се решат да постават нови насоки и граници.

Кариера

Опасноста мина и повторно можете да соработувате без грижи. На дневен ред доаѓаат финансиските теми.

Здравје

Пад на имунитетот.

Се појавија првите снимки на Пежо 208 (ВИДЕО)

Пежо премиерно на саемот во Женева ќе ја ја престави новата 208 – ка , а првите службени фотографии се објавени денеска.

Интересно е што новото возило ќе има и целосно електрична верзија . Поставен е на CPM платформа , автомобилот ќе има погон DS3 Crossback E-Tense со  50 kWh батерии , со сила од 136 Кс и автономно возење со едно полнење од 300 километри.

Футуристичкиот стил продолжува и во кабината . Инфотејнментот има голем екран , а забележителен е и малиот волан.

За сите други перформанси , ќе треба да се почека една недела до почетокот на саемот.

притисни ентер