Фјури направи спектакл по нерешениот меч со Вајлдер – новинарите пееја (ВИДЕО)

,,Нели ви беше забавно?” ги праша боксерот Тајсон Фјури новинарите по пресот и ги натера да пеат.

Боксерскиот меч на годината меѓу Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури во Лос Анџелес со судска одлука е прогласен за нерешен. Тајсон Фјури беше видно расположен по жестоката борба .

Пред почетокот на пресот , почна да пее и ги натера и новинарите да запеат со него. По куса збунетост , тие почнаа да ја пеат заедно со боксерот песната "American Pie".

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер