Бизнисмените му аплаудираа на Заев, тој вети економска година

Стопанската комора со аплауз ја поздрави работата на премиерот Заев за економските политики. 

На промоцијата на Белата Книга во комората, која треба да служи како алатка за комуникација меѓу бизнисот и владата, првиот човек на комората Азески кажа дека иако јавноста не чувствува, сепак има елементи кои според него тврдат дека има напредок во економијата.

Премиерот Заев пак повторно со став дека оваа година била посветена на интегративните процеси во ЕУ и НАТО, но веќе наредната година ќе се посвети на економскиот раст.

Македонија во изминатиот период направи многу на патот кон ЕУ и НАТО, но има уште многу работа на тоа поле – истакна претседателот на советот на странски комори Штефан Петер. За развој на економијата, како што кажа, потребни се одлуки кои можеби ќе бидат и тешки.

Сега морате да носите одлуки без одложување, дури и тешки одлуки, кои ќе ја кренат економијата и на тој начин ќе придонесат кон зголемување на вработувањата и продуктивноста.

Белата книга важи за најпрепознатлива публикација чија цел е да придонесе и да ја подобри климата во земјата. Во неа се поставени сите забелешки и препораки за активноста во бизнис секторот.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер