И Хилари Клинтон гостинка на свадбата кај најбогатиот Индиец (ФОТО+ВИДЕО)

И Хилари Клинтон беше гостинка на свадбата на ќерката на најбогатиот Индиец, каде мини концерт одржа Бијонсе.

Викендов се омажи ќерката на најбогатиот човек во Азија и 19- ти најбогат на светот, Мукеш Амбани. Неговата 27 годишна ќерка Иша Амбани се омажи за 33 годишниот Ананд Пирамал , која исто така е син на милијардер од Индија.

Свадбата почна во домот на невестата , 27 катница ,која за оваа прилика беше накитена со црвено цвеќе. На свадбата имало над 5 000 гости , а аеродромот работел со четири пати зголемен интензитет поради бројните гости кои доаѓале со приватни авиони.

Според Блумберг , свадбата чинела околу 100 милиони долари, но семејството тврди дека не биле потрошени повеќе од 15 милиони.

За споредба , кралската венчавка на Меган и хари чинеше 40 милиони долари. Минатата недела невестата беше старосватица на свадбата на актерката Пријанка Чопра и пејачот Ник Џонас.

Меѓу познатите на свадбата беа поранешната прва дама на САД , Хилари Клинтон, Аријана Хафингтон , жената што го основа Хафингтон Пост, бизнисменот Лакшми Митал и познатиот играч на крикет,Сачин Телдункар. Гостите пристигнале со над 100 чартер летови .

Свадбата почна во средата и траеше до доцна вечерта во неделата , кога мини концерт имаше и популарната Бијонсе. Не е познато колку и било платено за настапот , но сигурно парите не биле проблем .

Богатството на Мукеш Амбани се проценува на 47 милијарди долари. Таткото на младоженецот , Аџај Пирамал е исто така милијардер со богатство проценето на 5,4 милијарди долари.

Потврден петти смртен случај по земање додатоци во исхраната во Јапонија

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Јапонската фармацевтска компанија „Кобајаши“ денеска соопшти дека е потврден петти смртен случај, веројатно поврзан со конзумирањето на додатокот во исхраната од црвен квасец што го произведува, и дека допрва треба да ја идентификува супстанцијата што може да биде одговорна за предизвикување здравствени проблеми кои ги пријавија стотици луѓе.

Според компанијата, петте лица кои починале биле на возраст од 70 до 90 години.

Компанијата ги повлече своите додатоци за намалување на холестеролот „бени-коџи“.

„Се извинуваме за проблемите што ги предизвикавме“, рече претседателот на компанијата Акихиро Кобајаши на прес-конференција во Осака.

Кобајаши рече дека супстанцијата за која станува збор „може да потекнува од мувла, но нејзината (хемиска) структура допрва треба да се утврди“.

Висок претставник на компанијата рече дека околу 680 лица веќе биле или бараат амбулантски третман за симптоми за кои постои сомневање дека се поврзани со употребата на додатокот, а компанијата ќе им исплати обештетување, како и на 114 лица кои се хоспитализирани.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на четири лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се доведува во врска со конзумирање додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“. /МИА

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја

СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите.

Советот за безбедност на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, соопшти Русија, откако Москва стави вето на обновувањето на експертската комисија за следење на спроведувањето на санкциите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Јасно ни е дека Советот за безбедност на ОН повеќе не може да користи стари шаблони за прашања поврзани со Корејскиот полуостров“, нагласи портпаролката.

Од своја страна, Кина соопшти дека одбила „слепо да ги поддржи санкциите“ против Северна Кореја, откако вчера се воздржа од гласањето во Советот за безбедност за резолуцијата која се однесува на Северна Кореја.

„Сегашната ситуација на Корејскиот полуостров останува напната и неселективното воведување санкции не може да го реши проблемот“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

притисни ентер