Дебата за состојбата со црквата „Свети Ѓорѓи" во Курбиново

Да се обезбедат повеќе финансиски средства за заштита на црквата „Свети Ѓорѓи" во село Курбиново за наредната година, како и инфраструктурни услови за пристап до објектот.

Ова беше заклучокот од денешната трибина „Актуелната состојба со црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново, репрезент на светското културно наследство од Република Македонија" што се одржа во општина Ресен во организација на локалната самоуправа и Завод и музеј – Битола.

Храмот, како што појасни за МИА Ристо Палигора советник конзерватор во НУ Завод и музеј – Битола, е ставен под времен заштитен кров, бидејќи прокиснувала, а влагата го уништила фрескоживописот.

-Црквата е ставена под времен заштитен кров, бидејќи силно интензивно прокиснуваше имаше голема концентрација на влага во ѕидните платна и структурата на ѕидовите и тоа негативно се одразуваше врз фрескосликарството со голема концентрација на соли, кои ја уништуваа структурата на пигментите од кои е создадено сликарството, истакна Палигора.

Со поставување на времениот кров, додаде, спречено е интензивното влажнење на ѕидовите. Сушењето на ѕидовите е процес, кој трае неколку години за да се обезбедат оптимални услови за егзистирање на фреските.

-Најголемите оштетувања на фрескосликарството настануваат од капиларната влага која доаѓа од земјата и од атмосферката која е резултат на лошиот кров и директно продира врз вреските. Од тие причини изминатите години изигубено е околу 40 отсто од сликарството на црквата, вели конзерваторот.

Во блиска иднина, смета дека, црквата треба конструктивно да се зајакне, бидејќи низ годините со земјотресите попуштил објектот, кој е стар над 800 години. Поради недоволно финансиски средства годинава имало стагнација на работите.

– Имавме предвидено дополнителни истражувачки работи, кои требаше да ги завршиме и да го комплетираме проектот за конструктивна консолидација и конзервација на црквата. Во текот на наредната година да се обезбедат услови пред се финансиски и да се почне со работите на почетокот на градежната сезона, за да имаме успешни резултати, рече Палигора.

Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, кој забележа дека црквата „Свети Ѓорѓи" претставува светско културно наследство, своевидно ремек дело, кое е суштинската спона во развојот на европското ликовно, архитектонско творештво.

-Уметничките пораки, духовното зрачење на светилникот во ова единствено беспрекорно цивилизациско острово, е еден од поистакнатите и препознатливи наши патокази, светлина, насока кон вистинската смисла на опстојувањето, своевиден фокус што ги спојува минатото, сегашноста и иднината во единствената точка на бесмртноста и бескрајот на нашето опстојување, на нашата мисија кон идејата, идеализмот, надежта, кон равноправното постоење во духовните трезори на светот, рече Гошаревски.

Учесниците на дебатата сметаат дека потребно е да се обезбеди и инфраструктура до црквата, каде немало струја, вода, санитарен јазол, ниту пристапен пат.

Храмот „Свети Ѓорѓи" во Курбиново е карактеристична по своето светски познато сликарство направено на многу високо и естетско ниво. Таму се наоѓа еден од најубавите сликани ансамбли од крајот на 12 век во цела Европа. Има насликано неколку ангели, а еден од нив е насликан на 50 денарката.

Во рамките на трибината беше прикажан и филмот „Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – историјат, културно значење и конзервација" финансиран од Европската комисија, дел од активностите на здружението „Македонида" од Скопје.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

притисни ентер