Обвиненија на сметка на славниот актер: Играше гол и ме гледаше додека се туширам

Во интервју за „ЕјБиСи“ Џаел Стоун навела дека Раш ја повикал и во својот стан на “многу физички интимен начин“, додека актерот ги негира обвинувањата.

Оскаровецот Џефри РАш негираше дека се однесувал непристојно спрема актерката Џаел Стоун, ѕвездата на серијата „Orange is the New Black” во текот на 2010 година.

„Њујорк Тајмс“ објави интервју со неа во кое таа тврди дека Раш се однесувал непримерно кога тие двајца биле заедно во продукцијата на театарската претстава „Theatre of Madman” во 2010 година.

Актерката изјавила дека Раш држел огледало над неа додека таа се туширала, играл гол пред неа и и го добирал грбот на “непожелен“ и “многу сензуален начин“.

Во интервју за „ЕјБиСи“ таа навела дека Раш ја повикал и во својот на “многу физички интимен начин“.

„Се знаеше што значи тој повик“ – изјавила Стоун.

Во соопштение објавено од страна на неговите адвокати во понеделникот, Раш изјавил дека нејзините наводи се “неточни и во некои случаи целосно извадени од контекст“.

„Меѓутоа јасно е дека Џаел повремено беше вознемирена од возбудливиот ентузијазам со кој ја работам својата работа“ – изјавил Раш. „Искрено и длабоко жалам доколку сум предизвикал било каква штета. Тоа секако не беше мојата намера“.

Во интервју за „Тајмс“ и „ЕјБиСи“, Стоун изјавила дека Раш се однесувал неадекватно во текот на претставата.

Според пишувањето на „Тајмс“, двајцата актери ја делеле гардеробата со соседни туш кабини и после една изведба, како што изјавила Стоун, Раш држел огледало над својата кабина додека таа се туширала, пренесува „Гардијан“.

„Се сеќавам дека видов како мало огледало за бричење стоеше на врвот на преградата меѓу тушевите и тој го користеше за да го гледа моето голо тело“ – изјавила Стоун.

„Верувам дека имал намера да се поигра, но ефектот беше таков што почувствував дека никаде не се чувствувам сигурно“.

Му рекла: „Одј*би, Џефри“.

„Се движев по деликатна линија на која требаше да се справувам со овие непријатни моменти, но никогаш да не го навредам“ – навела таа.

„Ниту еден дел од мојот мозок не размислуваше официјално да поразговарам со некого за ова. Тој беше голема ѕвезда“.

„Што би направиле тие? Би му дале отказ на Џефри, а би ме задржале мене“ – додала актерката.

Таа навела и низа други “чудни“ инцидентит со Раш.

Како што додала, тој играл гол пред неа во својата гардероба, повремено и испраќал еротски текстуални пораки, вклучувајќи и “чудни интимни работи во гардеробата“ барајќи да го соблече својот костим во текот на паузата за време на изведувањето на претставата.

Таа изјавила дека му одговорила со “ставот“ „Ти си многу немирно момче“.

„Не сакав да помисли дека не сум забавна, дека сум една од оние кои не можат да прифатат шега“ – истакнала актерката.

Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.

И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

Фон дер Лајен: Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина

Исходот од војната во Украина ќе ја предодреди нашата иднина, предупреди денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во говорот што го одржа на свечената пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур, посветена на најголемото проширување на ЕУ во историјата - со 10, главно поранешни комунистички земји од истокот на континентот - таа ја опиша Русија како „егзистенцијална закана “ во Европа.

„Ако Русија ја добие војната, Европа повеќе нема да биде иста“, нагласи Фон дер Лајен и повика на продолжување на помошта за Украина.

„Рускиот претседател Владимир Путин ја разбира само силата. Путин мислеше дека Европа нема да и помогне на Украина, но згреши. Мислеше дека американскиот Конгрес нема да гласа за доделување нова помош за Украина, но згреши, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека Украина го направила својот европски избор, а ЕУ го направила својот избор еден ден да ја прифати земјата како нејзина членка.

Фон дер Лајен посвети внимание на клучната улога на земјите кои се приклучија на Европската унија во 2004 година во помагањето на земјата нападната од Русија.

„Да живее Европа“, додаде Фон дер Лајен. /МИА

притисни ентер