Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир

Зоран Заев и Алексис Ципрас, премиерите на Македонија и на Грција,  се номинрани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Номинацијата на Заев и Ципрас денеска во Скопје ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Нобеловката Бушамауи рече дека Договорот од Преспа покажува дека две држави заедно се способни да седнат, преговараат и постигнат договор и дека и претставува чест да ги номинира Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир.

– Номинацијата не е само лично за Зоран Заев и Алексис Ципрас, туку и за сите граѓани. Ова е модел за дијалог и просперитет. Силно верувам дека Македонија или треба да кажам Северна Македонија и Грција ќе ја добијат Нобеловата награда и ќе бидат доказ за светот дека се може да се постигне со договор. Откако ќе биде ратификуван Договорот ќе биде силна порака дека дијалогот е можен, рече нобеловката Бушамауи.

Нагласи дека е дојдена во Скопје да го поддржи таквиот начин на постигнување договор и верува дека ќе биде модел за надминување на проблемите во иднина.

– Треба да буидете горди на тоа пшто го постигнавте, порача добитничката на Нобеловата награда за мир, Уидед Бушамауи на објавувањето на номинацијата што се одржа на Универзитетот ФОН .

На церемонијата присуствуваше и европратеникот Стелиос Колуглу од редовите на грчката партија Сириза, кој дава поддршка за номинацијата на Заев и Ципра за Нобелова награда за мир.

Кулуглу кажа дека ако имаше Нобелова награда за војна, досега на Балканот ќе беше доделена повеќепати, а Договорот од Преспа е единственото добро и позитивно нешто што моментално доаѓа од Европа, која е поделена и соочена со бројни проблеми.

– Договорот од Преспа е договор што го решава долгогодишниот проблем, не само за името, туку и обезбедува дефинитивно решение на македонското прашање. Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за кој што требаше храброст и кој ги стави националните интереси над партиските. Договорот го должиме на претходните генерации, но и на нашите деца и следните генерации кои мора да живеат во мир и просперитет, рече европратеникот Кулуглу.

Посочи дека Договорот имал голем број противници од двете страни, но дека е нелогично, тоа што и двајцата премиери истоврмено се соочуваат со обвиненија од своите противници дека ги предале националните интерси.

Ректорот на ФОН, Нано Ружин, рече дека денеска промовираме двајца лидери кои успеале да излезат од моделот на балкански политичари.

– Од овде нобеловката Бушамауи официјално ќе предложи на Нобеловиот комитет од Осло да ги номинира Алексис Ципрас и Зоран Заев за добитници на Нобелова награда за мир. Иницијативата верувам дека ќе биде проследена од многу други пријатели, изјави Ружин.

По церемонијата во Скопје, на 19-ти декември, Бушамауи и Кулоглу заминуваат во Атина, каде што ќе се сретнат и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат номинацијата. /МИА

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници. /МИА

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер