Ѓорчев: Владата да одржи итна седница за иселувањето

ВМРО-ДПМНЕ побара итна владина седница со единствена точка за иселувањето.

Почитувани,

Република Македонија се празни како никогаш во историјата. Цели семејства се иселуваат, цели општини буквално исчезнуваат. Се селат огромен број на луѓе и тоа веќе ги засега стотици и стотици илјади граѓани на Република Македонија.

Иселувањето од Македонија е директна последица на економскиот дебакл на економскиот тим на Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски.

Ја повикуваме Владата веднаш, час поскоро да закаже итна седница на Владата посветена на иселувањето, посветена на исчезнувањето на Македонија, посветено на катастрофалната економска, демографска и секакво друга ситуација во еден куп општини во Република Македонија.

Ова е буквално алармантна состојба, а гледаме дека Владата буквално ништо не презема. Уште еднаш овој невиден досега во историјата на Македонија егзодус, иселување од Македонија е директна последица на тоталниот дебакл на економските политики на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Драган Тевдовски и министрите за странски инвестиции кои што имаат цели кабинети, возила и сите удобства а имињата не им ги знаеме. Една инвестиција не донесоа, едно ново место работно не отворија.

Затоа заминуваат младите, си заминува народот. Народот ни се топи како снег во април, исчезнува државата. Ако нема народ, а очигледно дека ни снемува народ не може да има економија, не може да има пензиски систем, не може да има ни школски систем , не може да има ни здравствен систем, нема да има ни потрошувачи, нема да има ништо, туку буквално мртвило. Тоа се тие црнила за кои што зборуваме.

Наместо живот донесоа егзодус и невидено, досега невидено иселување од Македонија.

Пред себе ги имам бројките, но тие се навистина поразителни, ги кажувавме на претходните прес конференции. Секој може да се согласи дека состојбата е алармантна.

За крај да го резимирам ова, би кажал уште една порака. Откако Зоран Заев и неговите министри се избрани за премиер, министри, директори, и сето она што го окупираа како власт во Република Македонија, потрошени се повеќе од 5 милијарди евра буџет. Досега се потрошени повеќе од 5 милијарди евра, за следната година го имаат навестено и драфтирано, предложено најголемиот буџет во историјата на Република Македонија, 3,7 милијарди евра. Ниедна Влада, 70 години наназад не исцедила и нема да исцеди повеќе пари од граѓаните и стопанството. Истовремено една шајка не е закована, една бандера не е направена. Досега се потрошени повеќе од 5 милијарди евра. Што е направено?

Навестуваат 3,7 милијарди евра дека ќе потрошат, најголем буџет во историјата на Македонија, ништо нема навестување дека ќе се направи. Парите се трошат, а тоа завршува во олигархијата која што очигледно во Македонија во моментов се создава.

Резултатот е иселување, небиднина, црнила. Македонија, цели региони буквално биолошки и физички ги поклопува мртвило со училиштата што се затвораат, со семејствата што си заминуваат, со куќите кои што се празнат.

Уште еднаш апелираме, Владата треба да преземе итни мерки. Владата на Заев веднаш да закаже итна седница на Владата посветена на ова, затоа што се работи за алармантна состојба, и втора работа веднаш час поскоро да бидат разрешени министрите кои што имаат тотално економско фијаско и економски дебакл. Тоа се министрите Анѓушев како вицепремиер, министерот Тевдовски и министрите за странски инвестиции на кои што имињата не им ги знаеме , не донеле ниедна инвестиција, а имаат цели кабинети и одделенија под нив.

Благодарам што дојдовте на денешната прес конференција, ние нашите дискусии ќе ги продолжиме и за буџетот на Македонија секој ден ќе бидеме активни во Собранието затоа што секој ден има по 5 теми на кои што навистина се прилично поразителни. Во Македонија за жал веќе нема добри вести.

Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела

Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, денеска соопшти дека неделава во Хрватска ќе пристигнат првите шест од вкупно 12-те купени борбени авиони „Рафал“.

„Со историски прелет од Бордо до Загреб, пилотите на хрватското воено воздухопловство, кои беа обучени Франција, в четврток ќе ги донесат моќните ловци и нови заштитници на хрватскиот воздушен простор“, напиша Анушиќ на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека модернизацијата на воздушната флота е најголемата инвестиција на Владата и Министерството за одбрана во безбедноста на државата.

Во 2021 година Хрватска потпиша договор со Франција за купување на 12 половни француски борбени авиони „Рафал“ во вредност од 999 милиони евра.

Првиот авион беше преземен во октомври минатата година во француската воена база во Мон де Марсан.

Во Франција на обука беа испратени околу 90 членови на техничкиот и летечкиот персонал. /МИА

Рикен нов генерален директор на Борусија Дортмунд

 Поранешниот германски фудбалер Ларс Рикен (47) е назначен за нов генерален директор на Борусија Дортмунд, соопшти бундеслигашот

Рикен речиси целата своја играчка кариера ја помина во Борусија Дортмунд, а од 2001 година е на чело на клупскиот тренинг центар. На новата должност ќе стапи на 1 мај.

Рикен доаѓа на местото на Ханс-Јоаким Вацке, кој претходно оваа сезона најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната.

„Уверен сум дека со неверојатната сила на овој клуб ќе оствариме големи победи“, порача Рикен.

Борусија Дортмунд во моментов е петтопласирана во Бундеслигата, а на почетокот на мај ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. /МИА

Гласањето за претседател во затворот Идризово се одвива без проблеми

Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори денеска се одвива без проблеми, иформираат за МИА од Избирачкиот одбор. 

-Подготвките за гласањето завршија одлично. Гласањето започна во 7 часот и се одвива без проблеми. Во Избирачкиот список за ова гласачко место број 2536 се запишани 887 избирачи, а до пладне на гласање излегоа 235, изјави за МИА членот на Избирачкиот одбор Тони Трајковски.

Согласно Избирачкиот список денеска треба да гласаат 2.147 лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор.

За претседателските избори денеска гласаат и болните и изнемоштените и лицата во старските домови.

Членови на Избирачките одбори ги посетуваат во нивните домови за да гласаат и 6.935 болни и изнемоштени лица, чии пријави беа прифатени.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување, како и двајца избирачи со статус на внатрешно раселени лица, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

притисни ентер