Допингувана боксерска ѕвезда и неговиот шеф навредуваат новинарка (ВИДЕО)

,,Научи да си ја работиш својата работа” , со овие зборови почнаа навредите кон новинарката на прес конференција на ѕвездата Џон Џонс и шефот на УФЦ Ден Вајт.

Шведската новинарка Изабела Костик на прес конференција пред настанот на УФЦ 232 ги изнервира и ѕвездата и шефот на натпреварот. Новинарката прво му постави прашање на Џонс за допингот , на што тој изнервирано побара некое друго прашање од друг новинар.

Но , шведската новинарка не се збуни и на неговиот шеф му постави прашање: ,, Зошто по се овој тип и натаму го гледаме тука , а не доби суспензија како Франк Мир или Том Лоулор?”

На тоа боксерот многу се изнервира и почна да ја навредува новинарката .

,,Некој нека и го одземе микрофонот, ни требаат подобри прашања , ни треба подобро новинарство. Ти си пропаст.” продолжи со навредите допингуваната ѕвезда , по што неговиот шеф рече дека не ги разбрал прашањата.

Ова не е прв пат светската организација да му прогледа низ прсти на Џонс , кој не е казнет , иако во неговата крв биле најдено недозволени средства.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер