Струмички карневалски групи учествуваа на карневал во Бугарија

Три карневалски групи од Струмица успешно се преставија на Осмиот меѓународен карневал што се одржува во Разлог, Бугарија.

На карневалот учествуваат големите карневалски групи од Струмица Мулен Руж (Анита), Мулен Руж (Илија) и Струма.Карневалските креации на струмичани наидоа на добар прием кај публиката и учесниците.

Oвие групи наскоро треба да ги почнат подготовките за учество на Струмичкиот карневал, кој традиционално се одржува на ден пред големиот верски празник Прочка. 

Директорот на НАСА, откри зошто Американците само еднаш зачекориле на Месечината!?

Тоа се е поврзано со „политичките ризици“ објаснил директорот Брајденштајн, поради што дошло и до намалување на финансиските средства.

Директорот на Американската вселенска агенција НАСА Џим Брајденштајн изјавил дека американските астронаути веќе никогаш не се вратиле на Месечината, поради тоа што од тој момент никогаш веќе немало доволно средства за таква вселенска програма.

Тоа се е поврзано со „политичките ризици“ објаснил директорот Брајденштајн, поради што дошло и до намалување на финансиските средства.

-Да ги немаше тие финансиски ризици, ние веќе сега би биле на Месечината, би биле и на Марс, нагласил директорот на НАСА.

Брајденштајн појаснил дека НАСА од 1990 до почетокот на 2000 година се обидувала да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но дека двете програми побарувале долга подготовка и сериозни трошоци.

Првиот човек на НАСА воедно укажал и на тоа дека од истите причини  можеби нема да се реализира ниту планираното слетување на Марс закажано за 2024 година.

Инаку, неодамна администрацијата на претседателот Трамп наложила да се забрза реализацијата на лунарниот програм, за во следните пет години да се оствари ново слетување на човек на Месечината , наместо до 2028 година, како што претходно било планирано , пренесе Спутник.

Ловците од Виничко пуштија 400 нови фазани во ловиштата, се најавува нов Закон за ловство

 Пред почетокот на ловната сезона на прелетен дивеч членовите на ловечкото здружение „Бел камен" од Виница пуштија 400 нови фазани во ловиштата во општината.

Птиците се набавени од сопствени средства на здружението и беа пуштени во ловните терени кај селото Драгобраште и во околината на Виница. Се работи за редовна акција чија цел е да се обнови и збогати ловниот фонд во регионот.

-Токму на Илинден почнува овогодишната сезона на прелетен дивеч, поради што пуштањето на подмладок и повозрасни фазани ќе им овозможи подобри шанси за улов на нашите членови. Исто така, се подоготвуваме и за почетокот на главната ловна сезона чиј старт традиционално е во октомври. Во моментот имаме околу 200 активни ловци, од кои поголем дел се вклучени во одржувањето на ловниот фонд на нашето подрачје, истакна Лазар Коцев, претседател на здружението „Бел камен".

Ловното здружение од Виница веќе деветта година е концесионер на две ловишта за крупен дивеч на период од дваесет години, како и на две ловишта за ситен дивеч на десет години.

На пуштањето на фазаните во Виничко присуствуваше и претседателот на Ловечката федерација на Македонија, Влатко Алексовски кој рече дека се подготвуваат нови законски одредби за ловството.

– Веќе разговаравме со надлежните во ресорното министерство и заеднички заклучивме дека се потребни итни измени на одредени решенија во законите за оружје и за ловство што се актуелни во моментот. Наша крајна цел е да се подготви целосно нов Закон за ловство,  почнуваме од понеделник и за еден и пол месец очекувам да биде донесен законот. Еден од приоритетите е укинување на електронската аукција при доделување на концесиите, затоа што се предвидува повеќе од 70 отсто од ловиштата за ситен дивеч се опфатени со аукцијата, па сметаме дека ќе настане класично разграбување на ловните терени од страна на поединци кои имаат поголема финансиска моќ. Со измените во Законот ќе овозможиме нов модел, при што предност ќе имаат старите концесионери, истакна Алексовски.

Во државата во моментот има 74 концесионери на вкупно 276 ловишта, од кои четири се државни, а едно е факултетско и кај сите е забележан брз пораст на бројот на диви свињи, поради што од Министерството за земјоделство ќе се бара да се зголеми квотата за нивен отстрел./МИА.

Втор натпревар за искачување од Тетово до Попова Шапка

В сабота, 20 јули, ќе се одржи втората спортско-рекреативна манифестација „Предизвикот на Шар Планина" . за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

В сабота, 20 јули, ќе се одржи втората спортско-рекреативна манифестација „Предизвикот на Шар Планина" (Sharra Challenge), за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Учесниците на натпреварот в сабота ќе тргнат од тетовскиот градски плоштад во 9 часот. Патеката за планинско трчање е долга 10 километри. Релацијата е Тетово – Гајре – Лисец – Попова Шапка, по планински патеки.

За категоријата друмски велосипедизам патека е долга 20 километри, односно од плоштадот по асфалтираниот пат до Попова Шапка. Патеката во планински велосипедизам е, исто така, долга 20 километри, но движењето е во правец Тетово – Бањиче – Шипковица – Лисец – Попова Шапка, при што 75 отсто е планински пат. Сите учесници кои ќе стигнат до Попова Шапка ќе треба да искачат 1200 метри разлика во надморска височина.

Во секоја од трките во трчање, планински и друмски велосипедизам, во машка и женска конкуренција ќе бидат доделени награди: за прво место – златен медал и 5.000 денари; второ  место – сребрен медал и 3.000 денари и за трето место – бронзен медал и 2.000 денари.

Пријавувањето е преку електронска апликација  на веб-страницата www.prvdovrv.mk. Во трките може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за спортска активност според описот на трките. Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед, кацига и резервна внатрешна гума./МИА.

притисни ентер