Сервер: Одлуката на Собранието витален и важен чекор на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО

Усвојувањето на уставните измени во македонското Собрание е витален чекор кон членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

Браво!, изјави Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот.

,, Немам што повеќе да кажам, освен дека товарот на одговорноста сега е на Атина, која се надевам ќе го направи вистинскиот чекор, рече Сервер за МИА.

Македонското Собрание вчера со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името.

Македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО. /MИА

Чад во пилотската кабина- принудно слета американски Боинг (ФОТО)

Боингот 787-900 со 256 патници на редовна линија од Мелбурн кон Лос Анџелес, принудно слета на островот Нова Каледонија.

Авионот на Јунајтед Ерлајнс принудно слета на островот Нова Каледонија , источно од Австралија , по појавата на чад во пилотската кабина. Авионот со 256 патници тргнал од Мелбурно на редовната линија до Лос Анџелес, кога во кокпитот се појавил чад.

Авионот слетал на аеродромот во Нумеа , каде патниците ќе ја поминат ноќта до доаѓање на нов авион.

,,Се појави чад и ние по 30 минути лет , моравме да слетаме, немаше проблеми при слетувањето.” , изјави еден од патниците за локалните медиуми.

Француските муслимани ги тужат Фејсбук и Јутјуб поради снимките од масакрот во Нов Зеланд

Францускиот муслимански верски совет (CFCM) денеска објави дека ги тужи Фејсбук и Јутјуб поради снимките од масакрот во Крајстчрч , кога Австралиецот Брентон Тарант објави во живо како убива верници во две џамии.

Францускиот муслимански верски совет, како главен претставник на муслиманите во Франција , соопшти дека покренал тужби против Фејсбук и Јутјуб зашто видеата од масакрот биле емитувани на нивните платформи.

Масовното убиство на верниците за време на петочната молитва пред десет дена беше пренесувано во живо на Фејсбук профилот на терористот од Австралија во траење од 17 минути .

Ова видео од масакрот во двете џамии подоцна беше избришано до Фејсбук , од каде тврдеа дека имало мал број прегледи , иако го гледаше целиот свет.

Најмалку 17 загинати во поплавите во Иран- сакале да снимаат со мобилни (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица загинаа , а 74 се повредени во големите поплави што ги зафатија јужните делови на Иран.

Според иранската државна телевизија , најголемиот број од загинатите настрадале додека се обидувале со мобилните да ги снимат поплавите. Во поплавите во близина на градот Шираз , голем број лица се водат за исчезнати.

Поплавите се резултат на силните дождови во регионот што ги зафатија провинциите Фарс, Курдистан , Ком и Исфахан , а поплави се можни и во главниот град Техеран.

И на северот на Иран веќе една недела населението се бори со поплавите , каде во Голестан и Мазандаран загинаа најмалку пет лица.

притисни ентер