Прилепчанец на ФБ се заканувал по живот

Прилепчанец се товари од МВР и Обвинителството за закани по живот во објава на Фејсбук .

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Прилеп презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на М.С. (40) од Прилеп, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 12.01.2019 М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk., соопшти МВР. 

Чад во пилотската кабина- принудно слета американски Боинг (ФОТО)

Боингот 787-900 со 256 патници на редовна линија од Мелбурн кон Лос Анџелес, принудно слета на островот Нова Каледонија.

Авионот на Јунајтед Ерлајнс принудно слета на островот Нова Каледонија , источно од Австралија , по појавата на чад во пилотската кабина. Авионот со 256 патници тргнал од Мелбурно на редовната линија до Лос Анџелес, кога во кокпитот се појавил чад.

Авионот слетал на аеродромот во Нумеа , каде патниците ќе ја поминат ноќта до доаѓање на нов авион.

,,Се појави чад и ние по 30 минути лет , моравме да слетаме, немаше проблеми при слетувањето.” , изјави еден од патниците за локалните медиуми.

Француските муслимани ги тужат Фејсбук и Јутјуб поради снимките од масакрот во Нов Зеланд

Францускиот муслимански верски совет (CFCM) денеска објави дека ги тужи Фејсбук и Јутјуб поради снимките од масакрот во Крајстчрч , кога Австралиецот Брентон Тарант објави во живо како убива верници во две џамии.

Францускиот муслимански верски совет, како главен претставник на муслиманите во Франција , соопшти дека покренал тужби против Фејсбук и Јутјуб зашто видеата од масакрот биле емитувани на нивните платформи.

Масовното убиство на верниците за време на петочната молитва пред десет дена беше пренесувано во живо на Фејсбук профилот на терористот од Австралија во траење од 17 минути .

Ова видео од масакрот во двете џамии подоцна беше избришано до Фејсбук , од каде тврдеа дека имало мал број прегледи , иако го гледаше целиот свет.

Најмалку 17 загинати во поплавите во Иран- сакале да снимаат со мобилни (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица загинаа , а 74 се повредени во големите поплави што ги зафатија јужните делови на Иран.

Според иранската државна телевизија , најголемиот број од загинатите настрадале додека се обидувале со мобилните да ги снимат поплавите. Во поплавите во близина на градот Шираз , голем број лица се водат за исчезнати.

Поплавите се резултат на силните дождови во регионот што ги зафатија провинциите Фарс, Курдистан , Ком и Исфахан , а поплави се можни и во главниот град Техеран.

И на северот на Иран веќе една недела населението се бори со поплавите , каде во Голестан и Мазандаран загинаа најмалку пет лица.

притисни ентер