Стејт Департмент: Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија

Честитика попладнево упати и  американскиот Стејт департмент за изгласаните уставни амандмани.

,,САД  ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент за усвојување на уставните амандмани потребни за ратификување на преспанскиот Договор со Грција. Македонските лидери покажаа визија , храброст и упорност во нивните напори за решение на проблемот со името , што ќе и овозможи на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и во ЕУ како Република Северна Македонија. Соединетите Американски Држави ова го смета за историска можност за напредок на стабилноста , безбедноста и просперитетот во целиот регион.” , се наведува во соопштението , потпишано од државниот секретар Мајк Помпео.

Попладнево шумски пожар во атарот на битолското село Ротино

Секторот за односи со јавност на општина Битола, доцна попладнево испрати соопштение со кое информира за голем пожар кој го зафати потпелистерието, а е лоциран во атарот на селото Ротино.

Од општина Битола информираат дека екипи на Територијалната противпожарна единица-ТППЕ, Битола се на терен, но засилениот ветер, го разнесува и проширува пожарот кој претставува закана за моликовата шума.

-Имајќи ги пред вид околностите и тешко пристапен терен, ангажирани се противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК. Локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко. Состанок одржа и Кризниот штаб за заштита и спасување со кој раководеше  градоначалничката Наташа Петровска и донесен е заклучок за ангажирање на ДЗС со активирање на механизирани средства кои би дејствувале од воздух, нагласуваат од тамошната локална самоуправа.

Во моментов пожарот го гаснат екипи на ТППЕ-Битола, едно противпожарно возило од РЕК Битола и едно од Општина Ресен, а во акцијата се вклучени и вработените во НП Пелистер, како и локалното население, соопштуваат од општина Битола..

Инаку во текот на денот ТППЕ-Битола регистрирале шест противпожарни интервенции, односно во атарот на селата Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во Нова Битола. 

Чад во пилотската кабина- принудно слета американски Боинг (ФОТО)

Боингот 787-900 со 256 патници на редовна линија од Мелбурн кон Лос Анџелес, принудно слета на островот Нова Каледонија.

Авионот на Јунајтед Ерлајнс принудно слета на островот Нова Каледонија , источно од Австралија , по појавата на чад во пилотската кабина. Авионот со 256 патници тргнал од Мелбурно на редовната линија до Лос Анџелес, кога во кокпитот се појавил чад.

Авионот слетал на аеродромот во Нумеа , каде патниците ќе ја поминат ноќта до доаѓање на нов авион.

,,Се појави чад и ние по 30 минути лет , моравме да слетаме, немаше проблеми при слетувањето.” , изјави еден од патниците за локалните медиуми.

Француските муслимани ги тужат Фејсбук и Јутјуб поради снимките од масакрот во Нов Зеланд

Францускиот муслимански верски совет (CFCM) денеска објави дека ги тужи Фејсбук и Јутјуб поради снимките од масакрот во Крајстчрч , кога Австралиецот Брентон Тарант објави во живо како убива верници во две џамии.

Францускиот муслимански верски совет, како главен претставник на муслиманите во Франција , соопшти дека покренал тужби против Фејсбук и Јутјуб зашто видеата од масакрот биле емитувани на нивните платформи.

Масовното убиство на верниците за време на петочната молитва пред десет дена беше пренесувано во живо на Фејсбук профилот на терористот од Австралија во траење од 17 минути .

Ова видео од масакрот во двете џамии подоцна беше избришано до Фејсбук , од каде тврдеа дека имало мал број прегледи , иако го гледаше целиот свет.

притисни ентер