„Зелената нафта" „ќе пристигне" до пролетната сеидба

За да користат „зелена нафта", земјоделците ќе имаат наменски, типизирани трансакциски сметки и посебни дебитни картички од банки.

„Зелената нафта" за земјоделците ќе биде достапна најверојатно за пролетната седиба. Мерката ќе опфати 55.000 производители, а предвидува со државни пари да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација. Средствата се обезбедени и програмирани во буџетот на Платежната агенција.

За да користат „зелена нафта", земјоделците ќе имаат наменски, типизирани трансакциски сметки и посебни дебитни картички од банки.

Како што велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постапката за воведување „зелена нафта" е во завршна фаза. Изработена е методологија за секоја култура одделно. Точно се знае колкави се трошоците за гориво по хектар.

– Јавниот оглас за јавна набавка на картичките ќе биде распишан во првата половина на јануари 2019 година. Всушност, од овој месец почнува печатењето на картичките. По изборот на банка имплементатор, во соработка со подрачните единици на МЗШВ и банката, ќе се соберат барањата за аплицирање за „зелена нафта" и барањата за отворање наменска дебитна картичка по формулар пропишан од банката. Отворањето на наменските земјоделски сметки за картички што ќе се користат за „зелена нафта", зависно од логистичкиот капацитет на банката имплементатор, ќе биде не повеќе од еден месец, велат од МЗШВ.

Печатењето на картичките, вклучувајќи го и нивното доделување, би требало да се заокружи најдоцна до април 2019 година. Целта е земјоделците да имаат поевтина нафта за механизација за пролетната сеидба.

– Кофинансирањето за почеток е 30 отсто од трошоците, но со оглед на тоа дека се работи за нова мерка што прв пат се воведува, не е исклучено овој процент да се зголеми до 50. Користењето на картичките е предвидено да биде за повеќе години. Земјоделците би можеле да ги користат во сезоните кога вистински таа нафта се употребува за конкретното земјоделско производство за кое е наменета, објаснуваат од Министерството.

Плаќањето ќе се врши авансно, за што е задолжена Платежната агенција.

-Од моментот на префрлање до моментот на исплата, банката е должна да исплати позитивна камата назад во Буџетот на РМ. По добивање на средствата, банката ги проследува на наменските дебитни картички во моментот кога ќе добие писмен допис од надлежната институција, во овој случај МЗШВ. Изборот на оваа опција за имплементација на мерката нема да значи избор на повластен снабдувач на гориво, информираат од МЗШВ.

За да се воведе „зелена нафта", требаше да се интервенира во Законот за земјоделство и рурален развој поради што во мај лани беа донесени измени. Мерката беше предложена, а потоа и најавена на почетокот од 2018 година како поддршка на земјоделците, односно како опција што треба да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел-горивото. Практично, би требало, земјоделците да купуваат нафта по двојно пониска цена од продажната. Ако литар чини 60 денари, за нив ќе биде 30.

Во ноември 2017 година, со законски измени, за три денари се зголеми висината на акцизата на дизелот што се користи како погонско гориво, како и на гасното масло што се користи како гориво за греење. Акцизата за нафтата, пак, се зголеми за три денари по литар, а тоа повлече поскапување на дизел-горивото за 3,5 денари. Образложението на министерот за финансии Драган Тевдовски тогаш беше дека акцизата на нафтата се зголемува за да се намали употребата на дизел-горивата./МИА

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер