Жозе Мурињо си најде нова работа (ВИДЕО)

Жозе Мурињо најде нова работа, откако во декември доби отказ како менаџер на Манечетер Јунајтед . Тој ќе има своја телевизиска емисија на руската телевизија РТ.

Таму работеше Португалецот и минатата година кога како стручен коментатор го коментираше Светското фудбалско првенство.

,,Емисијата ќе понуди анализа на големиот португалски тренер во текот на неделите кога ќе се игра Лигата на шампионите. Покрај тоа, ќе има анализи и на најважните теми од светскиот фудбал.” соопштуваат од РТ.

Телевизијата веќе и го направи официјалниот трејлер на емисијата.

Самсоненко се повлекува од РК Вардар

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко преку пишано соопштение најави дека од следната сезона нема да биде во можност да продолжи со финансирањето на Ракометниот клуб „Вардар“.

Тој ги повикува македонските бизнисмени да се приклучат кон финансирањето на ракометниот клуб.

– Од седуммте години поминати во ракометот за жал изминува веќе третата година како јас лично се борам од ден за ден за издржување на клубот, со постојано задолжување и земање на кредити. Покрај оваа борба која ја водам секој ден зад мене има повеќе од 5000 вработени во моите компании кои ги издржувам со нивните семејства и кои не сакам да ги загрозувам, а веќе тоа се одразува со моето постојано задолжување за спортот – пишува Самсоненко.

Тој вели дека добил ветувања дека за кратко ќе добие помош за ракометот, но дека помошта ја нема.

Судијата на натреварот меѓу Јувентус и Ајакс е вплеткан во мафијашка мрежа

Францускиот судија Клемент Турпин , кој го судеше натпреварот во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс ,доживеа кражба на идентитетот.

Според полицијата , криминалци пренеле големо количество дрога со автомобил Рено Лагуна , регистриран на Клемент Турпин.

Извесен дилер Мунир А. бил уапсен на 10 декември во Париз со уште три лица и обвинет за поседување големи површини под канабис. Кај нив било најдено и големо количество оружје , меѓу кои и ракетен фрлач и калашникови.

Најдени биле и 650 000 евра во кеш , како и скапи часовници и облека. Истрагата за мафијашите дошла и до судијата.

Турпин за француските медиуми изјави дека нема никаква врска со нив.

,,Јас не живеам во Ноис–ле-Сек, немам станови или палати, немам ништо со овој случај “ , изјави судијата и се пошегува дека неговата професија е опасна.

„Време е за прва жена во НБА лигата”

Пред десет години првиот човек на НБА лигата, Дејвид Стерн предвиде дека во наредното десетлетие жените би можеле да заиграт во НБА лигата.

Неговата прогноза не се исполни, но затоа има кандидатки. Поранешната ѕвезда на женската НБА кошарка, Линдзи Хардинг, денеска е една од шесте жени кои работат како помошници тренери во НБА лигата.

„Зошто да не? Има неколку врвни кошаркарки. На пример, Диана Таураси. Сите ја знаат како најдобра кошаркарка во историјата. Шутира подобро од кого било, дали е маж или жена во НБА. Би сакала да проба. Не велам дека е врвна одбранбена кошаркарка, но поради начинот на кој се движи, лесно би доаѓала до слободни фрлања.”

Таураси е најдобрата американска кошаркарка, која има освоено четири олимписки и три светски злата. Има 36 години и следната година ќе игра во 15 сезона на женската НБА.

Сепак, се поставува проблемот на силата и тежината на женските и машките играчи. До сега имало три обиди за жени да играат во машката НБА лига и тоа во шеесетите, седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век.

Последен пат Пејсерси во 1980 се обиделе во тимот да ја донесат Ен Мајерс, но таа стигнала само до пробните натпрервари.

притисни ентер