Потребни состојки: 1 кг. брашно, 1 пециво, 200 мл. масло, 2 чаши млака вода, 400 гр. нишесте, 500 гр. ореви, 500 гр. путер, 1,5 кг. шеќер, 1,2 л. вода и 2 пакетчиња ванилин шеќер.
Постапка:
Во подлабок сад со брашно се става: 1 пециво, 200 мл. масло, 2 чаши млака вода и се замесува тесто.
Тестото треба добро да се измеси со раце.
Потоа се дели на 6 еднакви дела, а тие на уште по 10. Вкупно 60 топчиња.
Од секое топче се сука помала кора.
30 помали кори се редат една врз друга и се сука голема кора.
На секоја помала кора се става по едно лажиче нишесте.
Кората се става во плех и се посипува со сечкани ореви.
Истата постапка се повторува и со останатите 30 помали кори.
Добиената поголема кора се става врз првата кора со ореви и се сече со линир.
Потоа се прелева со стопен путер.
Баклавата се пече 30 минути на 200 степени.
Температурата се намалува на 160 степени и се пече уште 30 минути.
Откако ќе се испече баклавата се остава да се излади.
За тоа време се подготвува шербетот.
Шербетот се добива со вриење на смеса од: шеќер, вода и ванилин шеќер.
Баклавата се попарува со врел шербет.