Насилните протести во Тирана продолжуваат, се бара оставка од Рама (ВИДЕО)

Илјадници Албанци денеска учествуваа на ансилните протести пред парламентот , откако опозициските пратеници ги вратија пратеничките мандати.

Опозицијата бара оставка од премиерот Еди Рама , како и формирање преодна влада до предвремените избори. И денеска , како и во саботата имаше големо поициско присуство , кое со солзавец ги бркаше демонстрантите , кои се обидуваа да влезат во зградата на Парламентот.

Пред почетокот на протестите , Европската Унија и САД ги предупредија политичките лидери да избегнуваат насилство.

Гордана Сиљановска-Давкова на средба со поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Валандово

Професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова, се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Република Македонија, професор д-р Ѓорѓе Иванов, во неговиот роден град Валандово.

Во рамките на нејзината кампања, кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во неформална и пријатна се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Република Македонија, професор д-р Ѓорѓе Иванов, во неговиот роден град Валандово.

Соговорниците имаа можност да поразговарат на многу теми и да споделат искуства за кампањите, како и за двата мандати на поранешниот претседател кои беа исполнети со многу предизвици.

Тие заклучија дека размената на искуства и мислења се значајни за престојниот период во Македонија, соопштуваат од тимот на Силјановска- Давкова.

Невидено невреме направи хаос во Дубаи - во Оман загинаа најмалку 18 лица (ВИДЕО)

Обилни дождови денеска ги зафатија Обединетите Арапски Емирати, поплавувајќи делови од главните автопати, оставајќи напуштени возила на патот низ Дубаи и привремено го запреа сообраќајот на огромниот меѓународен аеродром.

Во меѓувреме, бројот на загинати во одвоените тешки поплави во соседен Оман се искачи на 18, додека непознат број луѓе се водат како исчезнати, пренесува CBS News.

Дождовите почнаа во текот на ноќта, оставајќи огромни бари на инаку сувите улици и аеродромските писти, додека силните ветрови придонесоа за прекин на летовите на меѓународниот аеродром во Дубаи, најпрометниот аеродром во светот за меѓународни патувања и домаќин на превозникот на долги летови, Емиратс. Аеродромот во серија објави на социјалните мрежи соопшти дека сите операции се стопирани на околу 25 минути попладнево, и дека сите дојдовни летови ќе бидат пренасочени „до подобрување на временските услови“.

До вечерта, повеќе од 12 сантиметри дожд ги затрупаа ОАЕ - типичен годишен просек за пустинската земја - при што се очекуваат повеќе дождови во наредните часови.

Полицијата и службите за итни случаи полека возеле низ поплавените улици, нивните светла за итни случаи трепкаат додека молњи го осветлуваат небото, повремено допирајќи го врвот на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот.

Училиштата низ ОАЕ биле главно затворени пред невремето, а владините службеници главно работеле од дома каде што е можно. Многу работници исто така останаа дома, иако некои отидоа на работа, а некои несреќници ги оставија возилата во длабоката вода на патиштата.

Властите испратија цистерни на улиците за да ја испумпуваат надојдената вода што навлегуваше во некои домови, принудувајќи ги луѓето да користат кофи за да се обидат да ги испразнат домовите.

Дождот е необичен феномен во ОАЕ, земја на Арапскиот Полуостров, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци. Многу улици и други области немаат одводнување поради недостаток на редовни врнежи од дожд, што ги влоши поплавите.

Дожд падна и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.

Во соседниот Оман, султанат лоциран во источниот дел на Арапскиот Полуостров, најмалку 18 лица загинаа во обилните дождови во последните денови, се вели во денешното соопштение објавено од Националниот комитет за управување со вонредни состојби на земјата. Ова вклучува околу 10 училишни деца кои вчера биле однесени од поројот додека се возеле во комбе, во кое имало и еден возрасен.

Климатолозите со години предупредуваат дека човечкото влијание врз климатските промени ќе доведе до поекстремни и помалку предвидливи временски настани ширум светот.

Делови од јужна Русија и Централна Азија, исто така, со денови се борат со невообичаено обилен дожд и топење на снег, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат на повисоките места, при што загинаа повеќе од 60 луѓе во Пакистан и Авганистан.

Мицкоски: Пендаровски 5 години не даде став, а вели осудувал криминал

После 6 и половина години порази, омаловажувања и срам кои ги трпеа граѓаните во Македонија  поради власта на ДУИ и СДС, редно е да ја ослободиме Македонија од овие пранги и да ја направиме и горда и твоја заедно со народот. 

Да ја вратиме Македонија повторно на народот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Гевгелија.

Мицкоски истакна дека денеска постојат граѓани од прв ред и тоа се тие кои орбитритраат околу раководството на ДУИ и нивните измеќари од СДС и тие ги уживаат сите привилегии, за нив не важат закони, местат тендери, го ограбуваат народот, никому сметка не полагаат за тоа што го прават изминативе 6 и половина година и сите ние останатите сме граѓани од втор ред.

Затоа се создава чувство кај младите, кај граѓаните дека не е само економската причина зошто се напушта Македонија, туку и дека нема правда, бидејќи неправда има насекаде. Несигурност, немање перспектива бидејќи има граѓани од прв ред за кои ништо не важи и сите останати сме од втор ред, додаде Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека во минатото СДС продаваа лага за живот и дека ќе донесат едно општество за сите, а сега состојбата е што Фридом хаус, реномирана институција вели дека споредено со состојбата пред 6 и половина 7 години уназадуваме и според ниво на корупција и според ниво на демократија.

- Што значи дека слободата е помала, а грабежот на народот не е помал, а парите завршија кај неколкумина во нивните џебови. Тие така го замислуваат животот и општеството за сите. Редеа чевли пред влада и викаа дека се ќе сторат да ги вратат младите кои се иселија, но никој не дојде по своите чевли, но затоа 10 пати повеќе се иселија. Ниту ги вратија младите, и денеска имаме цикличен хибриден режим, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека СДС велеа ќе донесат европско здравство, во лажната кампања за референдумот, а во првите 5 држави во светот сме според смртноста за време на пандемијата.

- Тој кој беше најодговорен за здравствениот систем, министерот денеска редејќи сите тие неуспеси, необезбедувајќи основни услови одлучува повторно да се врати во политика и ја злоупотребува професијата лекар и народот, рече Мицкоски.

Мицкоски говорејќи за Стево Пендаровски истакна дека 5 години никаде го немаше, ниту со земјоделците, ниту со пензионерите, ниту со младите, но затоа ќе го слушнете како ја навредува професорката Силјановска Давкова или како ако не е претседател ќе се исели и како ќе каже дека Гоце Делчев е Бугарин.

- Тоа е Стево Пендаровски, човекот кој 5 години не даде став, 5 години анализираше и ќе го слушнете на митинзи како вели не правел криминал и го осудувал криминалот. Дали сте го слушнале Пендаровски изминативе 5 години да ги спомене Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и дали за него се чесни политичари? Бидејќи нема никаков глас да ја каже нешто за нив кои ја практикуваат политиката по принципот „како до сега“.

Мицкоски посочи дека од една страна е Стево Пендаровски кој на граѓаните им вика дека не сака очи да им види ако не го гласаат, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова, жена борец, сопруга, мајка која во парламентот покажа како треба да се брани македонскиот идентитет.

Секогаш е во врвот во првите тројца дискутанти во Собранието цени 4 години и не само во Парламентот, туку и како професор и експерт таа беше дел од Совет на Европа и Венецијанска комисија и реномирани институции каде и ден денес ја цитираат колеги во нивните научни трудови. А како професор студентите во неколку наврати ја бираа како најинспиративен професор. Затоа ве повикувам на масовна излезеност на 24 април, а потоа и на 8 мај, да ја направиме Македонија горда повторно и твоја, достоинствена, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер